Дамперите се појава што влева одушевување и стравопочит. Во Шведска почнаа да се движат дампери што внесуваат уште еден необичен елемент во својата појава. Џиновските транспоттери се движат на електрична енергија, којашто преку трола се повлекува од далноводот под којшто минуваат дамперите.
По две години тестирање, во Шведска почна првата комерцијална примена на дампер со трола. Четири дампери со комбиниран погон на дизел и електромотор, од типот 795F AC, производ на Caterpillar, користат т.н. „Trolley Assist“ и се во редовна примена во рудникот Аитик. Седумстотини метри далновод обезбедуваат електрична енергија за дамперите. Дизел моторот се користи единствено за маневрирање и за куси релации, односно таму каде што не може да се изведе далновод.
Погонот на 795F AC, чијашто корисна носивост изнесува 337 тони, располага со моќност за овој екстремен товар да го качува по нагорнина од 10 степени. За еден километар пат, дамперот би потрошил 40 литри дизел. Со тролата, овој трошок, исто како и екстремното загадување на животната средина, целосно отпаѓаат. Трошпоците за гориво и за одржување на самиот мотор, намалени се за повеќе од 90 проценти.
Се зголемува и продуктивноста. Моќните електромотори можат да ги движат дамперите со двојно повисока брзина, односно со брзина до 28 km/h. Caterpillar цени дека тоа се најмоќните дампери во светот. Тролата функционира преку Quick-Drop, односно брзо одвојување од далноводот. Системот Trolley Assist може да се вградува на уште три модели што ги произведува Cat.
Најголемото електрично возило повеќе произведува отколку што троши струја