за

Рели Дакар денес мирува, следна е маратонската етапа

Трите возила на Toyota Gazoo Racing денес ќе бидат целосно расклопени заради поправки и подготовка за најтешката етапа на Рели Дакар.

Рели Дакар денес мирува, следна е маратонската етапа

Најпредизвикувачкото рели во светот денес одмора во Хаил, по половина од извозената рута. Вчерашната, шеста етапа, го донесе релито од Ал Каисума до Хаил, преку брзинец што беше скусен на 347 километри, со цел да се пречекаат натпреварувачите кои имаа голем заостаток во претходната етапа.

Насер Ал Атија и навигаторот Матје Баумел, кои се водечки тим со Toyota Hilux во вкупниот пласман, вчерашната етапа ја завршија трети и го задржаа второто место во генерален пласман. Нивниот заостаток зад водечкиот Петерхансел во Mini изнесува 5:53 минути. Ги де Вилиер и Алекс Харо ја отворија етапата по нивната победа во претодниот ден, но загубија 22:20 минути поради постојаната болка на Ги во вратот. Покрај тоа, двапати им се дупнуваше гума. Во вкупен пласман, тие сепак напредуваа до 10-то место. Шестата етапа им донесе уште еден солиден резултат на Шамир Варијава и Денис марфи, кои етапата ја завршија 16-ти и напредуваа до 32-то место во генерален пласман.

Трката мирува само привидно. Техничките тимови сега ќе ги расклопат сите три возила пред да ги поправат или заменат истрошените делови и ќе ги подготват за продолжетокот на релито. По денот за одмор, тимовите веднаш продолжуваат во маратонската етапа на Дакар 2021, којашто ќе ги носи од Хаил до Сакака, по песочна рута во должина од 471 километри и уште 100 километри по нерамен терен.

Тимовите ќе мораат сами да ги поправаат возилата, без помош од техничкиот екипаж, пред да продолжат во 8-та етапа од Сакака до Неом. Релистите таму ги чекаат 375 километри песочни и каменести терени. По маратонската етапа следат уште четири, за Дакар 2021 да се врати во Џеда на 15-ти јануари.

Глин Хол, директор на тимот: „Денес тимот имаше одличен ден. Насер уште малку ја скуси разликата со Стефан Петерхансел, но дупнувањето гума пред крајот повторно му ја одзеде предноста што тој ја постигна во претходниот дел од етапата. Ги двапати имаше дупната гума, но негов најголем проблем беше вратот, кој уште му предизвикува големи болки. Шамир денес беше добар, и покрај дупнувањето гума. Му поставив цел да постигне 15-то место, за тоа да му обезбеди добра позиција за маратонската етапа. Тој заврши 16-ти, така што сум задоволен од тоа.“

Резултати по 6-та етапа на 2021 Дакар Рели:

  • 3-то место No. 301 Nasser Al-Attiyah/Mathieu Baumel, +7min 16sec
  • 8-мо место No. 304 Giniel de Villiers/Alex Haro, +22min 20sec
  • 16-то место No. 330 Shameer Variawa/Dennis Murphy, +35min 35sec

Вкупни резултати на 2021 Дакар Рели по шест етапи:

  • 2-ро место No. 301 Nasser Al-Attiyah/Mathieu Baumel, +5min 53sec
  • 9-то место No. 304 Giniel de Villiers/Alex Haro, +2hr 12min 12sec
  • 32-ро место No. 330 Shameer Variawa/Dennis Murphy, +6hr 28min 33sec

>>> Четврта победа на Toyota по пет етапи на Дакар 2021

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

Славеничкиот Suzuki GSX-R1000R за стогодишнината во салонот во Скопје

Славеничкиот GSX-R1000R за стогодишнината на Suzuki во салонот во Скопје

Great Wall Motors: Колку навистина напредуваат кинеските марки

Great Wall Motors: Колку навистина напредуваат кинеските марки?