Дајмлер Трак продаде повеќе камиони и автобуси лани

Електричниот камион Мерцедес-Бенц еАктрос ја зголеми продажбата значително

Дајмлер Трак повторно ја зголеми својата продажба во 2023 година. Со вкупно продадени 526.053 возила, растот сепак е мал во споредба со претходната година, кога беа достигнати 520.291 продажби.

Во бројни региони ширум светот се појавиле тесни грла во снабдувањето, стои во соопштението од компанијата. Поголем раст има кај батериските електрични товарни возила. Со 3.443 возила, нивната продажба се зголемила повеќе од трипати.

„Силно сме убедени дека ќе ги достигнеме нашите финансиски амбиции за 2023“, шефот Мартин Даум ги коментира бројките. Концернот што учествува во берзанскиот индекс Дакс ги подигна предвидувањата откако имаше силен прв квартал и очекува промет во висина меѓу 56 и 58 милијарди евра. За доходовноста се очекуваат 8,5 до 10 проценти. Продажбата сепак беше под очекуваните 530.000 до 550.000 возила.

За марката товарни возила Мерцедес-Бенц се очекуваше продажба меѓу 155.000 и 175.000 возила. Годината заврши со 158.511 продадени камиони, што е за пет проценти помалку од преклани. Компанијата наведува дека причина за тоа е пониската побарувачка во Бразил.

Со 26.168 возила, единсвено кај автобусите е постигната повисока продажба од предвидениот коридор од 20.000 до 25.000 возила.

Претходна објаваМасимо Фраскела замина од местото на дизајнер на Јагуар Ланд Ровер
Следна објаваТест · Пежо 408 · Така денес изгледаат купе-моделите на Французите

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here