
Јагуар Ланд Ровер објавија дека нивниот главен дизајнер, Масимо Фраскела, заминал од автомобилската компанија за „да им се посвети на други можности за својата кариера.“
Фраскела го создаваше дизајнот на сите марки на ЈЛР, вклучувајќи ги Рејнџ Ровер,. Дифендер и Јагуар. Тој одговараше пред директорот за креатива Гери Мекгауерн.
„Сакаме да му се заблагодариме на Масимо за неговиот значителен креативен придонес за ЈЛР и сакаме да му посакаме успех во иднина,“ кажува Мекгауерн во порака испратена до светските агенции.
ЈЛР не наведува каде ќе продолжи да работи Фраскела и кој ќе го замени.
Фраскела одигра важна улога во создавањето на дизајнот на возилата на Ленд Ровер, откако во 2011 година дојде од Киа и беше поставен за шеф на креативното студио. Тој го создаде дизајнот на Рејнџ Ровер Велар, а исто така ги дизајнираше Дискавери Спорт и Дискавери.
Тој беше назначен за главен дизајнер на Ленд Ровер во 2020 година, за една година подоцна да преземе одговорност за сите марки, откако компанијата се реогранизираше во ЈЛР, како „Хаус оф Брендс“, Куќа на Брендови.
ЈЛР од корен го смени својот тим од шеф-дизајнери откако Мекгауерн беше назначен за директор за креатива во 2021 година. Еден од првите чекори на Мекгауерн беше унапредување на Фраскела, за тој да одговара за дизајнот на сите марки на ЈЛР, откако главниот дизајнер на Јагуар, Џулијан Томсон, си замина од компанијата.
Томсон на тоа место се задржа само две години, заменувајќи го Јан Калум.















