Cupra Tavascan ја разјаснува идината на Seat како марка

Купра Таваскан ќе биде погодена од новите царини на ЕУ за електрични автомобили од Кина.

Кога студијата беше откриена пред четири години на последниот салон ИАА во Франкфурт, таа беше само „убав сон“. Но, тие соништа во меѓувреме почнаа да се остваруваат. Cupra во Берлин ја претстави сериската изведба на Tavascan, со којшто се забрзува електрификацијата на подмарката на Seat.

Во следното лето, Cupra Tavascan доаѓа како СУВ-модел со најдинамичен дизајн во понудата од електрични модели, што се базирани врз платформата MEB на Волфсбург. Долг 4,64 метри, со меѓуоскино растојание продолжено на 2,77 метри, шпанскиот СУВ со цена над 50.000 евра ќе се позиционира над постоечкиот електричен модел Cupra Born.

Tavascan е уште еден модел во долгата низа електрични модели што се конструирани врз платформата MEB на концернот Volkswagen, меѓутоа Шпанците со овој модел појдоа по различен пат. Техниката потекнува од Волфсбург, дизајнот е создаден во Барцелона, но СУВ-моделот со спортски скроена каросерија и голем багажник од 540 литри ќе се произведува во Кина, во Анхуеј.

Уште нешто се разликува, посочува шефот на марката Вејн Грифитс: „Постојат голем број рационални електрични возила на пазарот. Во 2019 година имавме визија, електромобилноста да ја осмислиме од ново: Сакавме на светот да му покажеме дека електричните автомобили прават задоволство и можат да бидат секси, дека може да имаат привлечен дизајн и во исто време да бидат спортски, на посебен начин. Тогаш изгледаше само како сон. Но, со Cupra Tavascan, тој сон стана реалност.“

Изненадувањата сепак остануваат умерени, и покрај сите пофалби за дизајнот и пред сé за внатрешноста, со своевидниот метален скелет којшто служи како основа за кокпитот. Тоа што автомобилот се базира врз истата платформа со Volkswagen ID.4 или Skoda Enyaq не остава многу простор за игра, за шпанскиот СУВ да се издвојува уште повеќе меѓу своите роднини во концернот. И покрај ограничувањата, техничарите на Cupra можеа да посегнат по највисокиот степен на развој на платформата MEB и поради тоа Tavascan е поблиску до ID.7 отколку до Born.

Најсилната изведба на Cupra Tavascan располага со 340 КС

Тоа важи и за батеријата со капацитет од 77 kWh што дозволува досег до 549 километри. Максималната моќност на полнач што може да се користи е зголемена на 200 kW. Верзиите на Tavarcan со еден електромотор располагаат со моќност од 284 КС, додека оние со два електромотори доаѓаат до 340 КС. Од новиот ID.7 доаѓаат и инфо-забавниот систем со средишен диспеј со пречник од 15 инчи, заедно со осветлениот лизгач под дисплејот.

Спортскиот карактер на Cupra Tavascan не е нагласен бесцелно. Вредноста на спринтот од 5,6 секунди од место до темпо прави и срцето да проработи забрзано при поаѓање. За крајната брзина не се спомнува ништо, сепак станува збор за електричен автомобил што припаѓа во компакт класата, и тука не може да се драматизира со големи бројки.

Со претставувањето на Tavascan се отвари сонот на Cupra. Но, големиот СУВ може да стане кошмар за матичната марка Seat. Додека сестринската марка го добива веќе вториот електричен модел врз платформата MEB, за матичната марка нема ниту збор околу електрификацијата, или барем спомнување на марката. Концернот сепак има други планови со Seat, коишто наскоро ќе почнат да се реализираат.

Seat преоѓа во марка за кар-шеринг и модел на претплата

Претходна објаваПоследните детали од новиот Mercedes E-Class пред утрешната премиера
Следна објаваКако марките Audi, BMW и Mercedes се борат да го сочуваат премиум статусот

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here