за

Италијански град се вози во 38 електрични Ситроен Ами

Ситроен Ами се хероите во превозот во Бари, луѓе ги изнајмуваат на неколку минути, возат до одредиштето, ги оставаат, други си продолжуваат.

Жителите на италијанскиот град Бари за 15 месеци ги изнајмиле „градските“ Ситроен Ами повеќе од 18.000 пати, извозеле близу 70.000 километри, а бидејќи возилата се електрични, го поштедиле животот во градот од 20 тони ЦО2.

Француската марка со големо име се залага за нов и чист вид на превоз во градовите. Ситроен за таа цел отпочна соработка со Пикирент, стартап компанија, што им нуди токму таков вид на превоз на своите корисници.

Пикирент работи во Бари, град на Јадранот со 300.000 жители во јужна Италија, и на жителите и намерниците им нуди на располагање 38 електрични Ситроен Ами – од кои 32 се во стандардна изведба, шест се товарни Мај Ами Карго. Наскоро се приклучуваат уште 30 патнички Ами, а услугата ќе биде достапна и во гратчето Таранто.

Бројките покажуваат колку се важни овие 32 патнички и шест товарни Ситроен Ами. Возилата биле изнајмени 18.000 пати, вкупно биле поминати 70.000 километри. За услугата се регистрирани 2.800 корисници, кои во просек ги користеле возилата по 15 минути.

Три од пет активни корисници се на возраст меѓу 20 и 30 години. Луѓето ги користат возилата за да се одвезат до работното место или до факултет. Навечер, возилата се користат за излегување во град. Товарните верзии обично им се наоѓаат на малите работилници и на занаетчиите, како за транспорт на алат, така и за стока.

Електричниот Ситроен Ами, со нулта емисија, има слободен пристап во центарот на градот, што е недостапен за возила со обичен мотор. Батеријата држи до 75 километри. Со капацитет од 5,5 кВч, таа се полни на најобичен домашен приклучок за само три часови.

За жителите на Бари да се пријават за користење на Ами, треба да симнат апликација и во неа да посочат начин на плаќање на услугата. Потоа, преку апликацијата се бара каде е оставено најблиското возило. По користењето, возилото се остава на јавен паркинг и се плаќа само за минутите колку што истото било користено.

Една минута користење на возилото чини 39 евроценти, односно околу 25 денари, плус паушал од 1 евро по возење

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Pikyrent (@pikyrent)

Градоначалникот на Бари, Антонио Декаро, горд е што во градот е масовно прифатен овој современ начин на превоз и нагласува дека „не само што се смалува бројот на возила во сообраќајот, туку со целосно електричниот погон се смалува и штетната емисија“. Декаро додава дека Бари станал водечки град за кар-шеринг во цела јужна Италија, со користење на исклучиво електрични возила.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Рено и Волво пред договор за електрични комбиња

Малечкиот електричен СУВ на Шкода се вика Епик, ценовникот ќе почнува од 25.000 евра