БИД потпиша договор со Турција за изградба на фабрика, како потег со којшто ќе се зацврстат темелите на кинескиот производител на автомобили во Европа.
Спогодбата предвидува БИД да вложи околу 1 милијарда долари во фабриката, којашто ќе произведува по 150.000 електрични и хибридни возила годишно. БИД ќе отвори и центар за истражување и развој, во којшто исто така ќе се вложува во персонал и во технологија.
Претседателот на БИД, Ванг Чуанфу и турскиот министер за индустрија и технологија, Мехмет Фатих Качир го потпишаа договорот, стои во соопштението што турското министерство го испрати на 8-ми јули.
Од фабриката се очекува да ја зајакне „логистичката ефикасност“ на БИД, според соопштението. Турција не е членка на ЕУ, меѓутоа има потпишано спогодба за слободна трговија со Унијата.
Фабриката се очекува да започне со производство кон завршетокот на 2026 година и да создаде 5.000 работни места.
ЕУ воведе повисоки царини за увозот на кинески ЕВ, што го погоди БИД со дополнителна царинска ставка во висина од 17,4 проценти, покрај постоечките 10 проценти.
Фабриката на БИД ќе го снабдува и домашниот пазар. ЕВ лани учествуваа со 7,5 проценти во продажбата навозила во Турција, земја со близу 90 милиони жители.
БИД ја гради својата прва европска фабрика за електрични автомобили во Унгарија, што се очекува да почне со работа пред 2026 година.
















