за

Кинески BYD ги мерка Германија, Франција и Шпанија за својата европска фабрика

Кинескиот производител на автомобили BYD продолжува да расте и планира да произведува автомобили во Европа. Веќе се вршат студии на изводливост.

Три западноевропски држави се можни локации за фабриката за автомобили на BYD. Кинескиот производител на автомобили расте брзо и во преговори е со француската влада, за фабриката да се изгради во земјата. Тоа го пишува францускиот дневник Les Echos.

Постои и голема веројатност фабриката да се изгради во Германија или Шпанија. Тоа го наведуваат кинеските медиуми. Според пишувањата, Обединетото Кралство не доаѓа предвид, поради Брегзит.

Заменик извршната директорка Стела Ли во февруари изјави за Bloomberg, дека кинеската компанија планира да произведува автомобили во Европа и врши студии на изводливост.

Поголема е веројатноста дека BYD ќе изгради сопствена фабрика, отколку да презема затворена фабрика што му припаѓала на некој од традиционалните производители на автомобили. Тоа конкретно се однесува на фабриката на Ford во Зарлуи, Германија.

Планот е компанијата да реши околу локацијата за фабриката пред завршетокот на годинава. Почетокот на производството се планира за 2025 година, пишуваат медиумите.

BYD лани ја започна својата експанзија во Европа, со три целосно електрични модели: Компактниот кросовер Atto 3, големиот СУВ-модел Tang и големата лимузина Han. Во следниот месец се очекува во салоните ширум Европа да пристигне мачечката комбилимузина Dolphin. Потоа е ред на лимузината Seat, чијшто почеток на продажба во Европа треба да се случи во септември.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by BYD Global (@byd_global)

Земјите во Европа во коишто е присутен BYD се Германија, Франција, Обединетото Кралство, Шпанија и скандинавските држави. Во план се нови пазари. BYD во 2016 година отвори фабрика во Унгарија, каде што произведува елеткрични автобуси.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Mercedes-Maybach во ноќно издание

VW Touareg: Само најубаво за знаменосецот