за

Bugatti во трка со борбен авион

Два врвни производи од Франција се соочија меѓусебно: Bugatti Chiron Sport со 1.500 КС против борбен авион Dassault Rafale Marine со потисок од 58.5 килоњутни или 5.727 КС.

Bugatti Chiron Sport е исклучителен автомобил, тоа е несомнено. Француската марка учествувала и претходно во трка против авион. Veyron 16.4 во 2007 година се соочи со Eurofighter Typhoon во спринт. Во новата споредба меѓу Bugatti Chiron Sport и Dassault Rafale Marine, двете нееднакви „возила“ ги одмеруваат силите во забрзување, во сопирање и во други дисциплини.

Секако дека постои причина зошто Bugatti дава толкаво значење на трките против авион. Во своите 110 години, марката од Молсхајм, во Алзас, имала бројни тркачки имиња што летале и за француската воена авијација во почетокот на минатиот век. Тоа се Алберт Диво, Роберт Беноа, Бартоломео „Мео“ Константини. Прочуениот Ролан Гарос исто така поседувал Bugatti Type 18, за и на земја да биде исто толку брз како на небото.

Во 1915 година, основачот Еторе Бугати почнал да развива автионски мотори, а компанијата во 1937 година започнала и со развој на цел авион, кој требало да урива рекорди. Војната сепак го спречила овој амбициозен проект.

Во овој двобој учествува Chiron Sport ‘Les Légendes du Ciel’, кој беше претставен лани и ќе биде изработен во серија од само 20 примероци. Моделот е создаден во чест на француската авијација и на прочуените возачи на Bugatti, препознатлив по сивата боја на каросеријата и акцентите во сина, бела и црвена боја.

Моторот е осумлитарски W12 со 1.500 КС и вртежен момент од 1.600 њутнметри. Седумстепен менувач со двојна спојка ја пренесува силата до сите четири тркала. Цената изнесува 2,89 милиони евра, без ДДВ.

Авионот постигнува 165 km/h по само 150 метри и 210 km/h по 250 метри, а полетува по 450 метри, при брзина од околу 260 km/h.

За споредба, Dassault Rafale Marine е гордост на француската авијација, откако Франција излезе од програмата Eurofighter. Авионот без течности тежи 10,3 тони, односно максимално 24,5 тони. Со должина од 15,5 метри и распон на крила од 10,86 метри, Rafale Marine може да постигне брзина од преку 1,6 мах, односно 1.975 km/h. Од 2000 година се произведени околу 200 промероци.

Споредба на сопирачките. Кај Rafale, тие се производ на Messier-Bugatti, со историски корени со Bugatti Automobiles. Сопирачкиот блок со пречник од 33,8 cm тежи 27 kg. Десет клипови создаваат притисок од 175 bar врз сопирачките дискови. Тркалата од лесна легура тежат 36 килограми и имаат гуми 790×275-15 од Michelin.

Гумите на Chiron Sport се помали, со димензија 285/30 R20 ZR напред и 355/25 R21 ZR назад. Предните сопирачки дискови имаат пречник од 420 mm, задните 400 mm. Напред „гризат“ осум клипови, назад шест. На Bugatti Chiron Sport му се потребни 491 метри да запре од 400 km/h и 247 метри од брзина од 300 km/h. Патот на запирање од 200 до 0 km/h е долг 114 метри, а од 100 to 0 km/h се доволни 31,4 метри.

Кусо по поаѓањето води Bugatti Chiron Sport. Спринтот до 100 km/h трае само 2,4 секунди и 6,1 секунди до 200 km/h. До темпо 300 се потребни 13,1 секунди, темпо 400 се постигнува по 32,6 секунди по стартот.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

smart почнува од ново, прв модел е СУВ на струја

Cupra Born е спортска и престижна изведба на ID.3