Концептот на компактен СУВ-модел со електричен погон е прв автомобил на smart Automobile Co., Ltd., компанија што е заедничка инвестиција на Mercedes-Benz AG и на кинескиот холдинг Geely, основана во декември 2019 година.
Нов старт за марката што веќе има променето многу во светот на автомобилите. Smart почнува од ново, како заедничка компанија на Daimler и кинескиот Geely, кој меѓу другото е сопственик на Volvo. Марката ги задржува своите главни обележја, односно напреден дизајн, висока технологија и погон на струја – smart е прва марка што понуди 100% електрична гама.
Микро-марката на Daimler повторно ќе нуди гама со повеќе модели, а за почеток пристига компактен СУВ со електричен погон. Новиот модел, според Даниел Лесков, потпретседател за глобална продажба и маркетинг, тој ќе го поседува „најпаметното“ од сите својства, односно ќе поседува суперкомпактна каросерија во спој со голема кабина.
Горден Вагенер, главен дизајнер на концернот Daimler: „Иконите како овој концепт имаат потенцијал да го унапредат smart во водечка дизајнерска марка“
Горден Вагенер, главниот дизајнер на групацијата Daimler, секако дека стои и зад дизајнот на новиот концепт на smart: „Ја искористивме огромната можност, за марката да ја поставиме одново. Нашиот eSUV-концепт го отелотворува новиот ген на smart. Тој е визионерски почеток, што ќе ѝ даде нова препознатливост на марката. Поубава, поспортска и повеќе кул од досега.
Првиот smart од новата генерација е наменет првенствено за младите фамилии, што го сакаат електричниот погон и сакаат да бидат трендсетери во градот. Електричниот СУВ ја користи платформата SEA на Geely (Sustainable Experience Architecture). Возилото ќе биде препознатливо како smart и како возилот од премиум марка. Се спомнуваат и новини во изгледот на кокпитот, како и во начинот на ракување, меѓу другото и дигитален клуч како стандард. Рачките ќе бидат впуштени во вратите, ќе има и неколку осветлени елементи, како и голем сончев покрив.
Клучна новина следи и во начинот на продажба, без салони и во директна комуникација со производителот.
















