за

Четири милиони евра за најбрзиот Bugatti

Bugatti се подготвува за производство на својот најбрз и најекстремен модел на сите времиња. Bugatti Bolide ќе се изработи во 40 примероци. Цената е соодветна.

Нов голем предизвик за големото автомобилско име Bugatti, што наскоро и официјално ќе стане дел од Rimac Group. Француската марка во октомври 2020 го претстави најекстремниот и најбрз Bugatti во новата ера, предизвикувајќи вчудоневиденост во автомобилскиот свет со моќноста и перформансите.

Осумлитарскиот мотор W16, при користење бензин од 110 октани, постигнува моќност од 1.850 КС, а притоа има само 1.240 килограми тежина на Bugatti Bolide со коишто треба да се соочи. Тоа дава спектакуларен сооднос од 0,67 килограми по секоја една коњска сила. Брзина од 300 km/h од место се поститнува по само 7,37 секунди. Како време за Нордшлајфе, на Нирбургринг, се предвидуваат 5:23,1 минути. Првичната идеја беше Bugatti да му покаже на светот како би изгледало тркачко возило од марката и Bolide требаше да ја заврши својата кариера само како експериментално возило.

Болидот од Молсхајм во Франција, место во близина на границата со Германија, во минатите десет месеци се појавуваше на мали настани, како што беше моторшоуто Милано Монца, предизвикувајќи многу внимание. Тоа ќе беше сосем доволно за автомобилот да ја исполни својата мисија. Но, вистинската цел на Bugatti се покажува дури сега. Bugatti ќе изработи мала серија од Bolide. Тоа беше соопштено на престижниот собир „The Quail – A Motorsports Gathering“ што се одржува во рамките на Неделата на автомобилите во Пебл Бич, Калифорнија.

Главната цел при развојот било да се создаде колку е можно помала каросерија, колку да може во неа без проблем да се смести моторот W16

Уште на прв поглед е јасно дека станува збор за чистокрвно тркачко возило. Сериската изведба само малку ќе отстапува од прикажаниот прототип. Моторот ќе може да користи супер бензин со 98 октани, место тркачки бензин со 110 октани. Поради тоа, моќноста ќе се намали од 1.850 на 1.600 КС. Максималниот вртежен момент од 1.600 њутнметри се испорачува уште при 2.250 вртежи. Бидејќи станува збор за возило што ќе биде дозволено да се вози само на тркачка патека и во приватен простор, не мора да се води сметка околу придушувањето на звукот, така што може да се очекува оригинално уживање и во тој поглед.

New item by Automedia MK / Google Photos

При ваква брутална моќ е нормално дека максимално внимание е посветено на безбедноста. Bugatti Bolide стандардно ќе располага со автоматски противпожарен систем, со HANS-систем, ремени со шест точки и тркала со централна навртка. Поради овие мерки порасна и тежината за 210 килограми, така што серискиот модел ќе тежи 1.450 килограми. Тоа се сепак половина тон помалку отколку во Chiron, во кого што работи истиот мотор, со пониска моќност.

Bugatti понатаму ќе организира и денови во коишто познати тркачки патеки ќе бидат изнајмени исклучиво за сопственици на автомобил од марката. Тоа може да се очекува најрано во 2024 година, затоа што ќе потрае развојот на Bolide до сериски автомобил. Цената навистина е неважна за купувачите на Bugatti, но светот сака да знае: 4 милиони евра, без ДДВ.

New item by Automedia MK / Google Photos
New item by Automedia MK / Google Photos
New item by Automedia MK / Google Photos
New item by Automedia MK / Google Photos
New item by Automedia MK / Google Photos
New item by Automedia MK / Google Photos
New item by Automedia MK / Google Photos
New item by Automedia MK / Google Photos

>>> Мате Римац ја создава најуспешната бизнис-приказна на Балканот

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

илон маск во германија

Илон Маск го обвинува Bosch за недостигот од чипови во Tesla

Lamborghini повторно го произведува Countach, само 112 примероци