Калифорнискиот производител на електрични автомобили Tesla моментно се соочува со исклучителни ограничувања околу испораката на стандардни чипови. Тоа го објави шефот Илон Маск на својот профил на твитер.
Шефот на Tesla открива дека „далеку најголеми проблеми предизвикуваат Renesas и Bosch“, упатувајќи остра критика посебно кон германскиот добавувач на автомобилската индустрија. Маск сепак не ги откри причините за своите критики кон двата добавувачи.
Bosch во јуни отвори нова фабрика за полупроводници во Дрезден, Германија. Во септември во фабриката ќе стартува производството на чипови за автомобилската индустрија. Технолошкиот концерн веќе располага со фабрика за чипови во Ројтлинген, во близина на Штутгарт. Оваа фабрика беше отворена уште во 2010 година. Јапонската компанија Renesas Electronics важи како еден од главните производители на полупроводници за автомобили.
Во поглед на недостигот од чипови, Маск уште во јуни објави на твитер, дека компаниите ги разграбуваат попупроводниците „исто како тоалетна хартија, но во епски размери“. Во февруари беше прекинато производството на Model 3 поради недостиг од чипови. Годинава бројни производители на автомобили направија прекин во производството затоа што им недостигаа полупроводници за да ги комплетираат возилата.
Tesla makes cars for export in first half of quarter & for local market in second half.
As publicly disclosed, we are operating under extreme supply chain limitations regarding certain “standard” automotive chips.
Most problematic by far are Renesas & Bosch.
— Elon Musk (@elonmusk) August 12, 2021
















