Часовник од врвна класа од марката Panerai, со дизајн по пример од глисерите Shadow Black Ops на Brabus, е најновата скапа занимација на богатиот свет.
Прочуената марка часовници Panerai, со корени во швајцарската изработка на часовници и впечатлив италијански дизајн, започна соработка со Brabus, германска марка што ги облагородува веќе благородните автомобили на Mercedes, главно преку зголемување на моќноста до фантастични вредности. Од таа соработка ќе произлезе серија ексклузивни часовници, преку којашто ќе се зајакнува присуството на двете марки во светот на врвните часовници и трките со глисери.
Поврзаноста со морето е заедничка за двете марки. Историјата на Panerai се врзува со развојот на часовници за нуркачи. Нивниот дизајн и функција одговараат со луксузните глисери Black Ops на Brabus.
Ова партнерство не се сведува само на лого, туку и заеднички ќе се развиваат производи
Првиот производ од соработката меѓу Panerai и Brabus e часовник Panerai Submersible S BRABUS Black Ops Edition (PAM01240). Основа за часовникот во ограничена серија е модел што долги години е заштитен знак на Panerai и воедно е прв часовник на марката со скелетиран автоматски калибар. Тој дизајн се нагласува со дополнителната буква S во името на моделот.
https://photos.app.goo.gl/5k8DTiUussVBDJDs7
Механизмот P.4001/s поседува едноделен, ексцентрично поставен замавник, што овозможува навиткување во двете насоки. Часовникот се навиткува со самото носење. Осцилирачкиот роторски тег од тунгстен, сјаен метал со висока густина, дозволува часовникот да биде многу потенок и полесен.
Panerai Submersible S BRABUS Black Ops Edition (PAM01240) ќе се изработи во серија од само 100 примероци. Развојот траел три години. Посебност е поларизираното прикажување на датумот, којшто се гледа само низ отворот кај 3 часот, за скелетираниот механизам да не се покрива.
https://photos.app.goo.gl/TEewjucFms4UsXZSA
Часовникот со пречник од 47 милиметри поседува вртлив прстен во двете насоки за пресметување на времето на нуркање, функција GMT, прикажување AM/PM и тридневна резерва од енергија. Скалата од сафирно стакло е наполнета со Super-LumiNova.
Секако и цената: 45.000 евра
Линк до моделот: https://www.panerai.com/nl/en/collections/watch-collection/submersible/pam01240-submersible-s-brabus-black-ops-edition.html
https://photos.app.goo.gl/zfhZpw8gkSTqNPMr7
https://photos.app.goo.gl/krFzi4Ef5icV5U3c6
https://photos.app.goo.gl/vXCUTX8MKDG16boW6
https://photos.app.goo.gl/FD5xGP7WDCmr2mAH9
















