БМВ со Икс 2 прави техно-скок назад во 1970-те

БМВ е марка што ужива почит од своите фанови. И многу пошироко од тој круг. Вистинските фанови нема да истрчаат да си го кажат мислењето дека Икс 2 изгледала чудно, туку попрво ќе се присетат на еден мошне впечатлив модел од 1970-те.

Забелешките што дел од сцената ги има за големите бубрези на БМВ што стануваат сé поогромни, уште повеќе за електричните „финфер“ и „зибенер“, па уште и за Икс Ем, се млака вода во споредба со времето кога Баварците го изведоа својот прв Компакт од серијата 3. Со пресечен опаш, задна оска од старата тројка, со поевтини светла и со кокпит пренесен од стариот модел, луѓе поради Компакт во 1990-те сигурно даваа и огласи во тогашните весници, за да се откажат од својата омилена марка.

Излезе дека Компактот од серијата 3 беше вистински погодок на менаџерите. Луѓе можеа да купат БМВ поевтино. Ново, со мирис од салон. Без Компакт, денес не ќе постоеја ниту серијата 1, ниту Икс 1, а секако и серијата 2 и сите деривати од неа. Затоа треба да се има верба, кога Минхен менува нешто. Кај Икс 2, втората генерација на стилски пофината сестра на Икс 1, ставовите се разидуваат околу опашот.

Икс 2, фабрички У10, во опашот не е ниту комбилимузина, ниту е комби, уште подалеку е од обичен СУВ. Покривот продолжува наназад повеќе отколку што налагаат шемите, а задното стакло исто така е премногу рамно и долго, според шемите. Меѓутоа, токму таквиот опаш поттикнува љубопитност.

Во салон, одеднаш се прикажува цел свет околу несекојдневното осмислување на опашот на двојката. Задното стакло се собира како што се спушта кон спојлерот долу и создава широки крила отстрана, како кај спортско купе. Сето тоа е заоблено како во филм на Тинто Брас. Долниот раб на задните светла не е рамна линија, туку е како кардиограм. Делот под дводелниот спојлер во задното стакло пак е заоблен.

Тоа е најхрабрата отстапка што Минхен ја има направено во дизајнот откако продава модели во компакт класата. Икс 2 потсеќа на Туринг-моделите во серијата 02. Оваа каросериска изведба секако дека беше забележана на сцената, но во тие години беше премногу радикална за вкусот на купувачуте

BMW Touring 1802

Новата Икс двојка е џин во споредба со претходничката. Во должина, овој фастбек-СУВ мери 4,55 метри, што е за близу 20 сантиметри повеќе. Дури и во споредба со тековниот Икс 1, новакот штрчи повеќе од пет сантиметри. Ширината на каросеријата и меѓуоскиното растојание пораснаа за близу еден палец.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Automedia.mk (@automedia.mk)

Ширината на трагата е зголемена значително (+64 милиметри) и тоа прави ставата да изгледа како повеќе да е прилепена за асвалтот. Секако, возните својства се тоа што прво профитира од плусот во трагата на оските. Назад има за 25 милиметри повеќе простор за колената. Со 560 литри, багажникот става на располагање 90 литри повеќе отколку првиот Икс 2.

Разликата со Икс 1 не се сведува на опашот. Предните светла се посебни за Икс 2, исто и хаубата од алуминиум, па и бубрезите. Опција е нивно осветлување. Внатрешноста ја открива сродноста со Икс 1.

Во почетокот на продажбата се достапни три погонски варијанти: дизел сДрајв 18д со 150 КС, бензинец сДрајв 20и со 48-волтен благ хибрид и 170 КС, ои М35и иксДрајв со 300 КС и погон на сите тркала. Сите модели користат 7-степен менувач со двојна спојка.

Подоцна ќе се придружат иксДрајв 20и со погон на сите тркала и сДрајв 25и со 204 КС.

Двојката е достапна и во чисто електрична верзија, иИкс2 иксДрајв 30 со 313 КС и досег до 449 километри.

Копчињата се сведени на минимум, со повеќето функции може да се командува преку говорни наредби. Ракувањето преку средишниот дисплеј е работа на напреден оперативен систем на БМВ, базиран на Андроид.

Салонскиот примерок е исклучително богато опремен, во изведба сДрајв 18д, со пакет М Спорт. Гамата почнува од 48.200 евра за сДрајв 18и со 136 КС, што е за околу илјада евра повеќе од Икс1 со истиот мотор.

Електричната изведба чини 69.630 евра.

Претходна објаваСамсунг СДИ во 2027 година ќе има „батерија од соништата“
Следна објаваШест е исто со осум вели Мерцедес: Новиот Е 53 АМГ силен исто колку стариот Е 63 АМГ

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here