Самсунг СДИ во 2027 година ќе има „батерија од соништата“

Тоа е „батеријата од соништата“ на Самсунг СДИ: Со неа се отвораат нови можности за електричните автомобили, главно во брзината на полнење.
Тоа е „батеријата од соништата“ на Самсунг СДИ: Со неа се отвораат нови можности за електричните автомобили, главно во брзината на полнење.

Јужнокорејскиот специјалист Самсунг СДИ во 2027 година прв во светот ќе почне со производство на батерии со цврст електролит за автомобили.

Огранокот на Самсунг што е специјализиран за батерии Самсунг СДИ најавува батерија што за девет минути ќе се полни до 80 проценти.

Јужнокорејскиот специјалист за батерии Самсунг СДИ на салонот ИнтерБатери во Сеул излезе со најава што ја вознемири целата бранша. Уште во 2027 година, Самсунг СДИ ќе почне со сериско производство на батерии со цврст електролит, наменети за вградување во електрични автомобили.

Компанијата зборува за „батерија од соништата“, што воедно ќе располага со најголема енергетска густина (поголем капацитет, а помала зафатнина) и значително ја смалува опасноста од палење.

Батериите ќе располагаат со енергетска густина од 900 ватчасови на литар, односно 450 ватчасови на килограм. Батеријата ќе се наполни до 80 проценти за само девет минути, што исто така ќе претставува рекорд.

Пробното производство отпочна уште во 2023 година

Пилот производството на новиот вид батерија отпочнало уште во март 2023 година, така што во Самсунг СДИ се убедени дека посакуваните резултати ќе можат да ги постигнат и во големосериско производство. Првиот прототип на батерија од масовно производство бил изработен во декември.

Литиум-јон батериите што излегуваат од сериско производство во моментов располагаат со енергетска густина од околу 200 ватчасови на килограм. Батеријата со најголема енергетска густина што во моментов ја произведува Самсунг СДИ е призматичната батерија П5. Нејзината енергетска густина сепак е за 40 проценти под вредноста на најавената батерија со цврст електролит.

Век на траење до 20 години

Самсунг СДИ ветува и необично долг век на траење за новата батерија со цврст електролит. Со усовршување на новата батерија, по 2029 година ќе може да се постигне век на траење од „преку 20 години“. Експертите се сомневаат дека може да се постигне двојно подолго траење од сегашните батерии.

Батеријата ќе поседува и својства „Сел ту пак“ (ЦТП), што значи дека ќе може да се вгради на релативно мал простор во возилото. Самсунг СДИ ветува за 20 проценти намалена тежина.

Експертите се скептични

Голем дел од експертите гледаат со недоверба на најавата дека Самсунг Сди навистина ќе може во 2027 година да започне со сериско производство на „батеријата од соништата“ со капацитет што е соодветен за вградување во автомобил и со неопходниот век на траење. Досега се калкулираше најрано на 2030 година. При големосериското производство на батериите често се јавуваат големи загуби при воведувањето во производство – додека постепено се зголемува продукцијата – и батериите од таа фаза завршуваат бескорисно.

Во минатата пролет, кинескиот концерн КАТЛ претстави батерија што уште не е созреана за сериско производство и располага со енергетска густина од 500 ватчасови по килограм. Основата за тоа е катода од литиум-никел-манган-кобалт-оксид.

Претходна објаваФолксваген и лани бил најголем производител на автомобили во Кина
Следна објаваБМВ со Икс 2 прави техно-скок назад во 1970-те

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here