за

BMW X2 за луѓе на кои избор на боја на каросерија не им е доволен

BMW X2 ја докажува вештината на дизајнерите на баварската куќа, кои успеваат нивните автомобили при секое следно забележување да привлечат повеќе внимание од претходниот пат. Оваа вештина сега преоѓа на следното ниво. BMW X2 Mesh Edition е шарен, но мајсторски е шарен.

BMW X2 M Mesh Edition

Бојата на каросеријата на најмалото X-Coupe на BMW може да биде златна, сафирно црна или портокалова како на зајдисонце, што доволно укажува дека тука станува збор за автомобил што почитува стил. Дизајнерите на минхенската марка сега се решија да преминат на следното ниво, што е над приказната за боите на каросеријата и се посветија на каросериските детали. Всушност, многу повеќе од каросериски детали. Така произлезе BMW X2 M Mesh Edition, како специјална моделска серија, што уште повеќе става нагласок на ексклузивноста и на препознатливоста.

Специјалната серија во гамата на X2 го добива името M Mesh поради бубрезите и решетката во нив. Различно од стандардните изведби, бубрезите се лакирани во сјајна црна боја, а решетката е со груб растер, по пример на мотоспортот. Таков детал има и BMW X2 M35i. Следното обележје на X2 M Mesh исто не се пропушта: Големи површини во предниот и задниот браник, делот над праговите и арките на крилата, бојадисани се во посебно развиената боја Frozen Black-Brown со металик ефект.

По желба можат да се додадат и фолии на хаубата, отстрана на браниците и на предните и задните врати. Овие фолии се бојадисани во портокалова боја и точно одговараат со бруклин-сивата боја, што е резервирана за М Mesh Edition. Овие фолии може да се нарачаат и при избор на другите бои за каросеријата, со тоа што кај белата, сината и портокаловата варијанта, фолиите се црни. М-тркалата со новиот дизајн исто така добиваат фолија на неколку места.

New item by Automedia MK / Google Photos

M Mesh стандардно се испорачува со шедоу-финиш на бројни каросериски детали во хром-црна боја. Од овие детали, највпечатливи се рамките на прозорците. Диодни предни светла исто така се стандард. Од летово, X2 повеќе нема магленки во браникот. Тие сега се составен дел од самите предни светла. Со тоа се добива уште поекспресивен стил на носот на X2. Со доплата за светлосен пакет следи и проектирање на логото X2 покрај возачката врата.

New item by Automedia MK / Google Photos

Внатрешноста исто така се прикажува во различен стил од стандардниот. Двобоен ентериер е во сериската опрема. М-спортските седишта со интегриран потпирач за глава се обложени со комбинација од кожа и алкантара во боја на графит. Штеповите се во контрасна портокалова боја. Исто е штепувана и арматурната табла, како и средишната конзола. На праговите се наоѓаат специјални плочки, со натпис Edition. Уште бројни други детали се изведени посебно, во стилот на специјалните серии, почнувајќи од челичните плочки на педалите до ексклузивните ленти од светлечки диоди во вратите.

New item by Automedia MK / Google Photos

Од погонските единици, на располагање стојат два бензинци, три дизели и еден приклучен хибрид: BMW X2 sDrive 18i со 1,5-литарец со 136 КС, потоа X2 20i со дволитарец со 178 КС, X2 sDrive 18d со дволитарски дизел со 150 КС, X2 sDrive 20d со 190 КС, X2 xDrive 25d со дволитарски дизел со 231 КС и BMW X2 xDrive25е, како приклучен хибрид, со 1,5-литарски бензинец со 125 КС и електромотор со 95 КС. Со полна батерија, верзијата со приклучен хибрид може да мине чисто на струја до 57 километри, пред да се активира бензинецот. Посилните верзии се испорачуваат и во верзија со погон на сите тркала, а кај одреден модели може место мануелен менувач да се доплати за автоматик.

New item by Automedia MK / Google Photos

>>> Тест: BMW 218i Gran Coupe

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Наследникот на Амарок се развива заедно со Форд

Наследникот на Volkswagen Amarok се развива заедно со Ford

Mercedes-AMG конструираше аеро-шампионски багажник за покрив

Mercedes-AMG продава аеро-шампионски багажник за покрив