за

БМВ ќе соработува со индиска Тата, денес моќта е во софтверот

БМВ најави основање заедничка компанија со индиска Тата Технолоџис, во којашто ќе се работи на софтверот за идните автомобили.

Серијата 7 на БМВ има технологија за самостојно возење од Ниво 3, што овозможува возачот да гледа филм додека се вози.

Заедничката компанија на БМВ и Тата ќе помага за германскиот производител да ги прошири капацитетите за софтверско кодирање во својата светска мрежа од ИТ-центри.

Групацијата БМВ и Тата Технолоџис ќе основаат заедничка компанија за развој на софтвер за автомобили, вклучувајќи и решенија за софтверски дефинирани возила (СДВ) за БМВ.

БМВ соопштува дека проектот има за цел да го користи искуството на Тата Технолоџис во дигиталниот инженеринг, како и фактот што Индија е непресушен извор на таленти за програмирање. Тоа ќе помогне БМВ да ги прошири капацитетите за софтверско кодирање во своите ИТ центри ширум светот.

Вниманието во автомобилскиот софтвер ќе биде насочено кон автоматско возење, инфозабава и дигитални услуги, соопшти БМВ денес. Во бизнис ИТ, нагласокот ќе биде на дигитализација и автоматизација во развојт на производи, во производството и продажбата.

Заедничката компанија ќе им даде на индиските софтверски инженери „шанса да создаваат врвни, премиум автомобилски искуства во футуристички полиња, како што се автоматизирано возење и вештачка ингелигенција“, кажува шефот на БМВ за софтвер и Е/Е архитектура, Кростоф Гроте.

БМВ и Тата Технолоџис ќе имаат по 50 проценти удел во новосоздадената компанија.

Заедничката компанија во почетокот ќе вработува 100 лица, со намера во следните години тој број да се искачи на преку илјада. Фирмата ќе се наоѓа во Индија, со подружници во Пун, Бангалор и Ченај.

Минхен соопшти дека располага со ИТ центри и софтверски кампови во Германија, САД, Јужна Африка, Индија, Португалија и Кина, во коишто се создаваат по 140.000 софтверски единици дневно, наменети за софтверот на автомобилската компанија.

БМВ има фабрика во јужноиндискиот град Ченај, а моторите за возилата од локално производство ги набавува од Форс Мотор, додека ТВС Мотор помага во монтажата на мотоциоклите на германската марка.

Тата Технолоџис е дел од Тата Моторс, најголем производител на возила во Индија по добивка. Фирмата нуди инженерски и технолошки услуги за компании од областа на автомобилизмот, аеронаутиката и тешката машинерија. Меѓу клиентите се Хонда, Форд и Ербас.

Лани таа се издвои како прва компанија на Тата Груп што по пауза од близу две години ги понуди своите акции на јавно наддавање. Нивната вредност веднаш се удвои.

Видеото од тестот на БМВ 520 д

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Тесла изгуби 8,5 проценти од продажбата, доаѓа конкуренција

Toyota bZ4X · Мерење на градската потрошувачка на електричен автомобил

Студија: Електричен автомобил секогаш е почист од бензинец или дизел