Точните технички податоци за новиот BMW M2 уште не се откриваат, но е сигурно дека спортскиот модел под хаубата ќе добие традиционален шестцилиндарец во линија и погон на задната оска. Инсајдери во BMW потврдуваат дека во погонот нема да се користи електромотор во каква било форма, па ниту 48-волтен благ хибриден погон.
Кога Баварците ќе го претстават новиот M2, тоа ќе биде последниот модел на BMW што ќе остане без каква било форма на електрификација на погонската спрега. Тоа значи дека во спортскиот модел што го наследува фамозниот M Coupe од серијата 1 (E82), нема да работи ниту минималниот денешен степен на електрификација во марката, а тоа е благ хибриден погон, со 48-волтен стартер-алтернатор.
BMW мора да воведе електрификација во своите M-модели, коишто практично се основа на имиџот на марката. Строгите закони за намалување на емисијата на стакленички гасови налагаат безусловно користење електромотор во погонот. M5 прв ќе се електрифицира, во форма на приклучен хибриден погон. XM, новиот знаменосец на M GmbH, исто така ќе користи приклучен хибриден погон.
Уште нема податоци за моќноста на хибридниот M5, но затоа е извесно дека XM ќе добие најмалку 660 КС и вртежен момент од 800 њутнметри. Кога во BMW се развива скап хибриден погон, тоа значи дека истиот ќе се вградува во колку може повеќе модели.
One Comment
ОдговориOne Ping
Pingback:BMW M2 ќе биде последен модел на M GmbH без електромотор во погонот | Блог на порталот за автомобилизам Automedia.mk