БМВ ѝ објавува војна на Кина со Ное Класе

БМВ нема проблеми со продажбата во Кина, затоа што преку 50 проценти од пазарот и натаму им припаѓаат на бензинците. Но, мора да се напаѓа со електрични автомобили.

БМВ започна со производство на и-Икс-3 во Дебрецин, моделот ќе се произведува и во Кина

За убавите вести од БМВ мора да се напомене едно: Тие доаѓаат и покрај случувањата во Кина. Исто како сите останати производители од Западот, БМВ има пад на тамошниот пазар. Во првото полугодие, продажбата во Кина опадна за 15,5 проценти, со 318.000 возила.

Надежите се во Ное Класе, во новата класа

Тоа би требало да се смени. Новата надеж за Кина е Ное Класе. Во моментов во Шенјанг се подготвува производството на и-Икс-3, што пред неколку денови имаше премиера на салонот ИАА во Минхен.

Продажбата на првиот модел што ја користи технологијата на Ное Класе во Кина е планирана за втората половина од 2026 година. Голнер цени дека БМВ со тоа е спремен да напаѓа на пазарот на електрични автомобили во земјата, на којшто владејат домашните производители.

Тоа во моментов не е случај. Главнината од продажбата на БМВ во Кина уште се темели врз моделите со мотори со внатрешно согорување. Додека продажбата на електрични автомобили на БМВ е во значителен пад, моделите со мотор со внатрешно согорување се продаваат исто како лани. Двата најпродавани модели, сериите 3 и 5, дури се продадоа и подобро отколку во првото полугодие од 2024 година.

Голер очекува дека БМВ и во иднина ќе го зачува своето силно место на пазарот на мотори со внатрешно согорување.

Се притиска со иновации

Тоа не е лоша вест, затоа што бензинците во Кина и натаму учествуваат со околу 50 проценти во продажбата на нови возила. Тој факт често се превидува во целата еуфорија околу силната продажба на е-автомобили. Проблемот е во тоа што растот во пазарот го донесуваат е-автомобилите, и кој нема да успее да се пробие на тој пазар, губи изгледи на пазарот што продолжува да расте.

Според предвидувањата на Меѓународната Агенција за Енергија ИЕА, моторите со внатрешно согорување се вид во изумирање во Кина. До 2030 година, уделот на е-автомобилите во продажбата во земјата ќе достигне 70 проценти.

Во тој сегмент доаѓаат и најголемите иновации, како дигитализација, автономно возење и ВИ, што кинеските стартапи и техно-гиганти од ковот на Хуавеј, масовно ги применуваат во своите возила.

Видеото од тестот на БМВ Икс 3 во Аутомедиа

Се приклучуваат кинеските компании

БМВ сака да се врати во игра со Ное Класе. Баварците се прв германски производител на автомобили што во и-Икс-3 ја применија т.н. зонска архитектура и со тоа создадоа темели за автомобил каде што софтверот е главен.

Со 800-волтна технологија, со досег од преку 800 километри и со ултрабрзо полнење со моќност до 400 киловати, БМВ дојде на рамниште со кинеските производители, што се движат во насока на премиум-автомобилите. Таков пример се Нио и Аито. Со раздвојувањето на хардверот и софтверот, кај Ное Класе може да се постигне автомобилите во иднина да вчитуваат нов софтвер од податочен облак и на тој начин да ја одржуваат технологијата во чекор.

Посебно важните теми за кинеските купувачи се инфозабавата и автономното возење. БМВ за таа цел користи решенија што се развиени посебно за Кина. Баварците соработуваат со Момента во развојот и примената на најнапредни системи за асистенција. За разпознавање говор се користи систем од Банма, стартап што е под закрила на Алибаба.

Картите за навигацијата доаѓаат од Амап, прва кинеска компанија за навигациски карти, којашто во Кина нуди и верзија на англиски јазик. Голер напоменува дека и кинеските новинари реагираат одлично на Ное Класе.

Исправениот нос на БМВ и-Икс-3 поседува широки отвори за воздух и црна долна половина, што производителот цени дека ја нагласува спортската нота на возилото. Место хромирани лајсни, улогата ја презема светлечка лента по цела ширина

Прашањето околу цената

Шефот за продажба знае дека консолидацијата на кинескиот пазар е далеку од завршена. Тој со месеци наназад работи на зголемување на продажбата во Кина. Главното прашање и натаму е колку БМВ може да се вклучи во војната со попусти што се случува во земјата. Баварците секако дека мораат и во Кина да го почитуваат начелото, „профитабилноста е поважна од волуменот“.

Прашањето е колку и-Икс-3 ќе чини во Кина. Голер уште не ја открива цената и вели дека со тоа ќе се занимава во првото тромесечје од следната година.

Претходна објаваМајбах со 12-цилиндарец во специјална серија со 24-каратно злато
Следна објаваДонгфенг планира тројно да ја зголеми продажбата во Европа, на 80.000 возила

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here