за

Камион на струја превезува делови во фабриката на BMW

Електричниот влекач може дневно до 75 пати да го поминува растојанието долго еден километар, дистрибуирајќи делови во кругот на фабриката на BMW во Динголфинг.

На полуприколката закачена на влекач, што од неодамна врти кругови низ фабриката на групацијата BMW во Динголфинг, пишува: „Јас електрично ги превезувам погоните на иднината“. Тоа е камион на струја во фабриката што произведува електрични автомобили.

Електромобилност на квадрат во BMW. Камионот не само што користи 100% електричен погон, туку и доставува материјали и делови до халите во коишто се произведуваат електричните автомобили на BMW. Чисто, тивко и без СО2. Проектот уште е во пробна фаза, но планот е во следната година во внатрешната дистрибуција во фабричкиот круг да се придружат уште пет електрични камиони.

Динголфинг е главен центар за производство на електрични погонски единици на групацијата BMW. Затоа менаџментот се реши и внатрешниот транспорт во фабриката да се врши со елеткрични камиони. Покрај тоа што тие се тивки и чисти, најважното е тоа што камионите на годишно ниво ја поштедуваат животната средина од СО2. Со камионите со електричен погон, BMW ќе ја смали емисијата за 276 тони на годишно ниво, во споредба со камиони со дизел мотор.

Растојанието што камионот го минува секојдневно е долго еден километар. Кога производството се одвива под полна пареа, камионот може дневно да мине до 75 тури. Станува збор за електричен влекач Mafi што го користи партнерот Preymesser.

Полнењето на батеријата се врши во времето додека камионот се растоварува – тоа трае само 20 минути. Секако дека се користи еколошка струја

Во меѓувреме е во тек изградбата на новиот дистрибутивен центар во Маминг. По неговото отворање во текот на следната година, електричните 40-тонски камиони ќе сообраќаат и до центарот, место само во фабриката. Нивната тура меѓу фабриката 2.20 во Динголфинг и Маминг е во должина од 13 километри. Камионите ќе превезуваат компоненти што се неопходни за производство на високонапонски батерии и електромотори.

Претходно беа успешно спроведени уште неколку пробни проекти со е-камиони. Таков пример е превозот со електрични камиони од централниот магацин во Валерсдорф до т.н. динамички центар во Динголфинг. Во друг проект се превезуваа каросерии на Rolls-Royce од фабриката 2.27 во Унтерхолерау до халата за каталитичко лакирање на каросеријата во Динголфинг.

Електрични вилушкари и автоматизирани транспортни системи одамна се редовен дел од производството во BMW.

>>> Електрични камиони носат делови до фабриките на BMW

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

Новиот Range Rover изгледа салонски, но пак е шампион на теренот

Mercedes-AMG SL со потпис на Славче Таневски е „сон на соништата на секој дизајнер“