БМВ ги смали очекувањата за годинава, откако дефектниот систем за сопирање што го испорачува добавувачот Континентал услови масовен сервисен повик и запирање на испораката на нови возила. Се работи за 1,5 милион возила што се погодени од дефектот, Минхен пушти официјално соопштение.
Баварскиот производител сега очекува добивката да биде значително помала во споредба со лани и предвидува дека оперативната маржа од автомобилскиот бизнис ќе спадне на само 6 проценти, објави БМВ во соопштението од 10-ти септември. Менаџментот првично очекуваше дека бизнисот ќе донесе добивка меѓу осум и 10 проценти.
Континентал објави дека е производител на компонентите што ги вградува БМВ. Дефектен електронски уред може да го онеспособи системот за сопирање, соопштува добавувачот. Компаниите порачаа дека возилата и натаму се безбедни за возење.
БМВ соопшти дека е единствен производител што во моментов го користи системот за сопирање од Континентал, и истиот го вградува во цела низа возила, вклучувајќи го и Ролс-Ројс, како и популарните СУВ-модели,
Сервисниот повик и запирањето на испораката на нови возила се силен удар врз БМВ, којашто лани продаде 2,25 милиони возила од својата матична марка и од марката Мини.
Новите прогнози за бизнисот воедно се последица и од слабиот пазар во Кина, каде што повеќето производители на автомобили се соочуваат со намалена побарувачка и засилена конкуренција од домашните марки.
Вредноста на акциите на БМВ опадна за третина по објавувањето на сервисниот повик за сопирачките на 1,5 милион возила
Die drei großen 🇩🇪#Auto #Aktien 2024 alle im Minus – worunter der #DAX weniger leidet als man denken würde. Aber mit 6,5% haben #Mercedes, #BMW und #VW nicht mal halb so viel Index-Gewicht wie SAP (14,7%). In der Realwirtschaft sieht das halt anders aus… pic.twitter.com/vtGv7oYQG7
— Christian W. Röhl (@CWRoehl) September 10, 2024
Откако претходно најави само мал пад во оперативната добивка, БМВ наведе дека сервисниот повик ќе води кон дополнителни трошоци за покривање на гаранцијата за сопствениците на возила. Се предвидува дека тие трошоци во третиот квартал ќе достигнат трицифрена милионска сума.
Производителот на автомобили соопшти и дека во моментов се води постапка за Континентал да плати отштета.
















