
Фабриката на БМВ во Дебрецин, Унгарија, ја пушти монтажната линија и со тоа прави чекор поблиску до почетокот на сериското производство. Кон завршетокот на 2025 година во фабриката ќе се проиведува новиот иИкс 3. Првите возила што служат за тестирање веќе се прозиведени. Овој СУВ е прв модел од Ное Класе, од Новата Класа на БМВ.
Директорот на фабриката, Ханс Петер Хемзер е задоволен од напредокот. Тоа што почетокот мина беспрекорно е резултат од виртуелното планирање на сите процеси во фабриката. Во подготовката учествуваа експерти од производствената мрежа на баварската марка од цел свет.
Монтажата се одвива со висока ефикасност
Новата архитектура на Ное Класе овозможува монтажата да се врши многу побрзо. Значително е скусен бројот на елементи за поврзување во споредба со останатите модели. Кабелката спрега се состои од повеќе делови и за 30 проценти е полесна во споредба со класичните модели. Тоа го поедноставува вградувањето, а со тоа и го поевтинува истото.
Фабриката во Дебрецин е изградена пред неколку години, а иИкс 3 е првиот модел што ќе се произведува таму. БМВ при планирањето користеше искуства од постојните фабрики и ги усоврши процесите.
Пример за тоа е т.н. фингер-структура, којашто беше развиена посебно за фабриката во Лајпцих, со тоа што деловите за вградување се доставуваат директно на самата монтажна линија. Се користат и процеси што се докажаа во фабриката Лидија во Кина, отворена во 2022 година.
[the_ad id=”85764″]
Поимот Ное Класе, што значи Нова Класа, не се однесува на само еден модел, туку е платформа, којашто во следните години ќе ја користат бројни модели на БМВ. Следна е лимузината од идната серија 3, којашто ќе се произведува во матичната фабрика во Минхен и ќе започне со продажба во 2026 година.















