Blaupunkt повторно го произведува топка-звучникот

blaupunkt globe speaker звучник автомобилски

Blaupunkt LAZ 6525 е фабричката ознака на оригиналниот звучник со топчесто куќиште што беше меѓу најпродаваните модели на звучници за автомобили во 1970-те и 1980-те години. Марката со сината точка повторно го произведува моделот, сега како „Globe Speaker”, наменет за вградување во јанг- и олдтајмери.

Звучникот со широкопојасно фреквентно подрачје постигнува моќност од 55 вати и произведува звучен притисок од 86 децибели. Номиналната моќност изнесува 25 вати. Мембраната е хартиена, корпата е од челична ламарина, отпорот е 4 оми.

Blaupunkt Globe Speaker покрива фреквентно подрачје од 100 до 20.000 херци. Зглобниот држач овозможува звучникот да се насочи во посакуваниот правец. Цената на германскиот пазар изнесува 39 евра, во пакетот се вклучени шаблон за дупчење, кабел и завртки за прицврстување.

Претходна објаваКамиони на Scania тестираат електричен погон „на жица“
Следна објаваToyota Land Cruiser е како фабрика за теренско возење

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here