
Жорџ Жилкине, белгиски министер за мобилност, кажа: „Откако ја намаливме границата на толеранција за конзумирање алкохол, над којашто следи привремено одземање на возачката дозвола, сега пристапуваме кон друг аспект на возењето под влијание: Користење дрога.“
Според податоците што ги објавуваат белгиските власти, 5 проценти од возачите во Белгија признаваат дека имаат седнато зад волан по користење дрога. Оваа појава е уште почеста меѓу младите возачи. Еден од секои седум возачи во најмладата возрасна група имаат возено откако користеле недозволени средства.
„Отсега, во случај на судир, нашите полициски службеници систематски ќе проверуваат дали е користена дрога. Премногу животи се губат по патиштата во Белгија и тоа е неприфатливо. Мора да преземеме сé во борбата против опасното однесување во возење и да го намалиме бројот на жртви што се изложени на опасност по патиштата. Почестото проверување дали се вози под влијание на дрога е дел од тоа,“ порачува министерот Жилкине.
Во случај на судир, луѓето што се одговорни или придонесе за судирот, ќе бидат изложени на тест на дрога во три чекори.
Секој еден од последувателните три чекори, може да се изведе само доколку резултатот од претходниот тест е позитивен.
- Обичен список со проверки, којшто вклучува околу 30 показатели што овозможуваат брзо да се процени состојбата на возачот и да се одреди дали постои сомневање дека е користена дрога.
- Проверка на плунка, овозможува да се одреди дали има присуство на недозволени материи.
- Проверка на крв, што е задолжителна за со сигурност да се потврди дека се користени наркотици и претставува основа за одредување понатамошни мерки.
Во Белгија важи нулта толеранција за возење под влијание на недозволени дроги. Покрај моментално одземање на возачката дозвола, доколку е позитивен тестот на плунка, можно е на возачот да му биде одредена забрана за управуање возило, висока парична казна, а во потешките случаи и затвор.
A quelques centimètres près, les conséquences auraient pu être bien plus graves… On ne le répétera jamais assez! Ne pas respecter l’interdiction de franchir un passage à niveau est strictement interdit, et pour cause… #SafetyFirst pic.twitter.com/gzYCMapmXv
— Gilki (@GeorgesGilkinet) November 7, 2023















