Австрија: Кој вози пребрзо, ќе остане без автомобил

Новиот закон во Австрија е на сила само неколку денови, а неколку возачки екстремисти веќе останаа без својот автомобил.

Радар измерил брзина од 114 километри на час на 28-годишник во Виена. Полицијата: „Бидејќи е утврдено пречекорување на брзината за повеќе од 60 км/ч, во населено место, привремено е одземено патничкото возило.“

Австриската новинска агенција АПА јавува дека имало заплена на возило и во Тирол и Кернтен.

Од 1-ви март во алпската република важи: За пречекорување на брзината за повеќе од 60 км/ч во населено место и за 70 км/ч на отворен пат, можно е возилото да биде запленето. Тоа може да се случи доколку на возачот и претходно му е изречена казна за пребрзо возење.

Во случај дозволената брзина во населено место да се пречекори за повеќе од 80 км/ч, односно за преку 90 км/ч вон населено место, тој возач нема да добие втора шанса. Полициските службеници во таков случај веднаш го одземаат автомобилот. Потоа следи отуѓување, односно возилото оди на наддавање.

Претходна објаваЕкстремисти ја саботираа фабриката на Тесла во Берлин
Следна објаваОвие нови модели ги планира Ауди до 2026 година

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here