за

Autoglym со спреј за одмирисување стари автомобили

Професионалното чистење на автомобилот е делотворно, но и корисно кога треба да се најде нов сопственик. Некогаш тоа не се исплатува и се бара поевтино решение.

Autoglym спреј миризба автомобили кабина

Производителите на автомобилски прибор и козметика не оставаат празнина на пазарот, без таа да биде пополнета со соодветен производ. Англискиот производител Autoglym нуди спреј за кабината на стариот автомобил да добие свеж мирис.

Мирис на влага, чад, остатоци од храна во кабината на автомобилот, ќе обесхрабри секого од намерата да купи таков автомобил. Професионалните сервиси нудат делотвотно чистење и освежување со коешто автомобилот ќе изгледа повредно и ќе биде попривлечен за следниот сопственик или сопственичка. Тоа значи дека ќе може да се постигне и повисока цена.

Меѓутоа, услугата на овие сервиси некогаш е превисока, во споредба со вредноста на автомобилот. Во тој случај се потребни поевтини и побрзи решенија. Производителот Autoglym нуди производ што е наменет точно за тоа, под името Spearmint Fogger. Според Autoglym, мирисот што се распрскува од боцата е свеж и чист, но и долготраен, што значи дека може подолго време да покрие присуство на некој непријатен мирис.

Фогерот“ дејствува за само 10 минути, оставајќи пријатен и свеж мирис на ментол по примената. Целата процедура буквално се состои од еден чекор – едноставно се притиска чепот и боцата се остава да го распрскува мирисот во кабината, кој се впива во материјалите во внатрешноста на автомобилот. Мирисот намерно е ненападен, бидејќи корисниците на слични производи од други производители негодувале заради силниот мирис на истите.

Истражувањата на Autoglym покажале дека непријатната миризба е една од главните причини што ги наведува заинтересираните купувачи да се откажат од намерата да купат некој автомобил.

https://www.instagram.com/p/CKMoHYwj3cN/

>>> Преносен уред на Blaupunkt го чисти воздухот во кабината

Blaupunkt Airpure пречистувач за воздух

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mitsubishi colt користени возила достапни до 10 години

Овие модели се најмалку ризични од втора рака

kia kltv light truck

„Хамерот“ на Kia на саем за одбрана во Емиратите