
При одбележувањето на уште еден звучен момент од историјата, денешен Ауто мотор унд шпорт се присетува на приказната, дека основачите на тогашен „Дас Ауто“ за малку ќе ја изгубеле лиценцата, под образложение од надлежните органи, дека „Во Германија нема да се повтори да има толку многу автомобили, за да биде потребен автомобилски магазин.“
Но, како што сведочи денешницата, новиот магазин за кусо време стана задолжително четиво за заљубениците во автомобилизмот. Уште при излегувањето на првото издание на Дас Ауто била основана издавачката куќа Мотор Пресе Штутгарт.
Тоа денес е водечка куќа со специјализирани изданија во Европа и цела следна година ќе ја мине низ одбележување на јубилејот на носечкиот медиум на куќата, на ауто мотор унд шпорт.
Вклучувајќи ги сите изданија низ светот, магазинот секој месец го читаат преку 10 милиони лица. Тоа што ќе го оцени редакцијата за автомобилите, секако е веродостојно. Во сите изминати години, на тест во редакцијата биле преку 25.000 модели. Секоја година се прават по уште 350 тестови и се минуваат преку 1 милион километри.
Секако дека присуството на толку моќен медиум е важно за целата автомобилска индустрија, затоа што читателите на тој начин стекнуваат важни познавања од светот на автомобилизмот, којшто понатаму ги пренесуваат во својот круг на секојдневното живеење.
„Во јубилејната 2026, за секое издание испланиравме нешто посебно, на што ќе следат и дополнителни приказни и акции преку нашите дигитални канали,“ изјави главниот уредник на ауто мотор унд шпорт, Михаел Фајфер.
Почетокот се одбележува пригодно со изданието што излезе од печат денес и што содржи 232 страници, вклучувајќи посебен додаток.
Мотор Пресе Штутгарт преку своите лиценцирани изданија е присутен на 15 пазари ширум светот. Портфолиото опфаќа преку 30 изданија, меѓу кои промобилк, Моторад, Менс Хелт, Ранерс Ворлс и уште бројни дигитални изданија.
И Македонија имаше автомобилски магазин за гордеење, чиешто име денес се сквернави од неколку ликови
Своевремено и Македонија имаше претставителен магазин под името Авто Плус, односно оригинално Ауто Плус, коешто медиумската сцена дозволува и натаму да се злоупотребува и двајца поединци да профитираат од лажно претставување (и наплата на реклами) под името Авто Плус, преку одвај посетуван вебсајт под историското име.
Ауто Плус беше почитувано печатено издание, основано од ценетиот Томислав Биљарац, кој понатаму со учество на целата редакција учествуваше и во организирањето на првиот салон на автомобили во Македонија, Ауто Експо. Беше престиж, автомобилските марки да се рекламираат во магазинот.
Уништувањето на магазинот започна кога по првите две години на одржување на изборот на Автомобил на годината во Македонија во организација и со целосна заслуга на тогашен Ауто Плус, тогаш влијателните дневни весници Дневник, Утрински Весник и слични, побараа и тие да учествуваат со глас во изборот и делегираа свои новинари од различни редакции.
Кој тоа ја краде 30-годишната историја на македонскиот магазин Авто Плус
Сето тоа веќе одамна е пропаднато и денес е сведено на пародија на германски Златен Волан, којашто се одржува во едно сопче и одвај дека допира до јавноста. Срамотата оди дотаму, што Ауто Плус во 2023 година требаше да одбележи 30 години од основањето, меѓутоа таквите чинови очигледно се „забранети“, затоа што од двата ликови што денес се кријат зад ценетото име, ниту еден нема поврзаност со историскиот магазин.
Тоа е македонската приказна што се провлекува низ сите подрачја.















