Маса народ и СУВ на сите страни: Домашните производители на Ауто Кина 2026

Седумнаесет хали, преку 180 премиери и присуство на музички ѕвезди на штандовите. Ауто Кина несомнено е голем настан од светски размери. Кинеските производители им се посветија главно на СУВ-моделите.

Кинеските производители се на свој терен на Ауто Кина. На нивниот домашен пазар и натаму владее безпоштедна конкурентска борба, и тоа ќе трае. Производителите изложија изобилство нови модели, како што тоа некогаш беше вообичаено на големите европски салони на автомобили, во Женева, Париз, Франкфурт.

Повеќе премиери отколку на салонот во Пекинг не се помнат веќе со години – барем е така надвор од Кина. Годинава има преку 180 премиери. Кога ќе се повлече црта, се заокружува впечатокот дека кинеските производители главно преставуваат нови СУВ-модели. Секако дека во тоа изобилство, има и исклучоци.

Почнува „големото патување“ на Шаоми

Еден од тие исклучоци прикажа извршниот директор на Шаоми, Леи Џун. Менаџерот и голем автомобислки фан, пред бројната публика на салонот ја прикажа новата студија Шаоми Вижн ГТ. Концептниот автомобил е целосно посветен на брзината, но не поседува спојлери. Возилото е конструирано на тој начин што го поништува потисокот.

Шаоми Вижн ГТ прикажува дизајн што е целосно ги почитува законите на аеродинамиката.

Џун потсети дека кратенката ГТ значи Гран Туризмо, големо патување. Тоа се однесува и на стратегијата на Шаоми, којашто наскоро ќе ги премине границите на Кина.

Леи Џун посвети голем дел од својот говор на развониот центар во Минхен, со којшто раководи Рудолф Дитрих и на којшто му припаѓаат големи заслуги за брзиот подем на младата автомобилска марка на светскиот гигант во потрошувачка електроника.

Шефот на Шаоми го најави ЈУ 7 ГТ, што ќе располага со уште повисока моќност од постоечката изведба на СУВ-моделот, чијашто моќност изнесува 700 КС. Повеќе информации околу овој модел ќе бидат откриени во мај.

БИД ја прикажа новата серија 08

Понудата на БИД во изминативе години се состоеше од „пет, шест, седум“, посочи Шанг Цуо, директор за продажба на моделската серија Оушн на БИД. Таа понуда сега се проширува со воведувањето на серијата 08. Новите модели од серијата Оушн ќе ја подигнат марката на ново рамниште.

БИД Сил 08

Цуо на салонот ја прикажа новата лимузина Сил 08 и СУВ-моделот Сијалон 08. Двата модели „со сочинуваат близначкиот знаменосец“, изјави директорот.

БИД Силајон 08

Според производителот, серијата 08 ќе биде прва серија на концернот којашто ќе може да полни со моќност од преку 1.000 киловати. Се вградуваат и поголеми батерии, за подолг досег. Приклучните хибриди со полна батерија ќе минуваат до 480 километри, додека чисто електричните модели ќе располагаат со досег до 900 километри.

БИД Оушн В

Како изненадување на салонот беше подготвен концептот БИД Оунш В. Студискиот автомобил со изгледот потсетува на коцка, а во внатрешноста не постојат ниту копчиња, ниту волан.

Нио ја покажа својата моќ

Салонот што се одржува во Чајна Интернејшенал Егзибишн Центер во Пекинг опфаќа 17 хали, во коишто се изложени илјадници возила.

Најголем штанд има кинескиот производител Нио. Гигантот од Кина и натаму се соочува со проблеми за да почне со продажба во Европа, но од тоа нема ниту трага на Ауто Кина. Нио има еден од највпечатливите штандови на салонот.

Девојки што скокаат на бината и концерт во живо се погрижија постојано да биде раздвижено на штандот. Секако дека имаше и нови автомобили. Главен е новиот СУВ-знаменосец Нио ЕС9, долг 5,36 метри.

Извршниот директор и основач Вилијам Ли, најави дека „врз основа на постојаното ширење на мрежата од полначи и станици за замена на батериите, дванаесет фул-стак технологии и 11 години иновирање, Нио, Онво и Фајерфлај се наоѓаат пред темелно освежување и унапредување.“ Тој ги спомна и двете подмарки, што исто така се присутни на салонот.

Нио ЕС9

Шаопенг прикажа летечки автомобил

Површината на штандот на Шаопенг не е толку голема, но не недостигаат експонати. За патување по нормален пат, производителот на автомобили ги прикажа новиот СУВ-модел Г Икс и лимузината П7.

Шаопенг Г Икс

Но, Шаоми нуди и превоз во воздух и на Ауто Кина повторно го прикажа својот „летечки автомобил“. Планот е сериското производство на електричниот еВТОЛ да започне уште годинава.

Следи објава со новитетите што ги прикажа Донгфенг Мотор, најзастапениот автомобилски производител од Кина на македонскиот пазар.

Претходна објаваПежо ќе произведува нови модели за Кина во фабриките на Донгфенг
Следна објаваНајпродавани автомобили во ЕУ во март: Тесла прва, по неа цела групација Рено

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here