Секој ден е Рели Дакар со ова Ауди, електрично

Три сантиметри дополнително растојание од подлогата, теренски гуми по посебна нарачка и впечатлива појава, со фолија со графика како кај тркачкиот РС Ку е-трон – ова Ауди е на посебна мисија. Станува збор за Ауди Ку 8 е-трон едиција Дакар, што сега е дел од понудата на марката со четирите прстени и во Германија чини најмалку 120.000 евра.

Изгледот на посебното издание на Ауди Ку 8 е-трон јасно води кон пустинскиот рели-болид Ауди РС Ку е-трон, со којшто германската марка и годинава ќе учествува на рели Дакар. Основата е Ку 8 адвансед 55 е-трон кватро со два електромотори, еден за задната, еден за предната оска, двата заедно со системска моќност од 300 киловати, односно 408 КС.

Фолијата со изглед како кај пустинскиот РС е опција и Ауди ќе дозволи само 99 примероци од специјалниот модел да бидат испорачани со истата.

Моделот е наменет за ентузијасти што сакаат да доживеат двојна авантура: Прво со тоа што со целосно електричен погон ќе се впуштаат по терен, а второ со самото впушање во теренските предизвици, со возило и со марка што немаат проблеми на терен.

Батеријата располага со 106 киловатчасови нето. Со електричен погон кватро, Ку 8 спринтува до темпо сто за 5,8 секунди. Доколку се нарачаат специјалните гуми Џенерал Грабер АТ3, тогаш спринтот се продолжува за една десетинка. Досегот со добар оптимизам изнесува 487 километри, крајната брзина е ограничена на 200.

Со гумите по посебна нарачка се добиваат 31 милиметар повеќе растојание од подлогата, како и подобри возни својства на мека и лизгава подлога. Клиренсот до 85 километри на час изнесува 206 милиметри, а потоа се смалува за 15 милиметри. По темпо сто, каросеријата се спушта за уште 17 милиметри, за над 120 километри да следат уште 13 милиметри приземјување.

Теренската геометрија сепак не дозволува пробивање по тежок терен. Аголот на пристап изнесува 20 степени, додека аголот на заминување е 26 степени. Поради долгото меѓускино растојание, не може да се очекува многу ниту од аголот на рампа, од 19 степени.

Вообичаено за специјална серија, опременоста е исклучително темелна

Светлата користат матрична диодна технологија, внатрешноста веќе е изведена со пакетот С Лајн, со спортски седишта, педали од челик и украсни панели од четкан алуминиум.

Стандардно се испорачува и корпата за на покрив, со носивост до 40 килограми и со комплет ремени за прицврстување на товарот.

Специјалниот е-трон доаѓа и со осум тркала: Покрај теренските гуми Грабер АТ3, за коишто Ауди тврди дека се однесуваат добро и на асфалт, со возилото се испорачуваат и тркала од 20 инчи со летни гуми.

Претходна објаваВолво со рекордна продажба во 2023 година, над 700.000 возила
Следна објаваМилиони автомобили Тесла во Кина со софтверска грешка, решението доаѓа по телефон

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here