Милиони автомобили Тесла во Кина со софтверска грешка, решението доаѓа по телефон

Тесла објави сервисен повик за повеќе од 1,6 милион возила во Кина, заради проблеми со софтверот. Станува збор за најголемиот пазар за електрични автомобили во светот, со којшто веројатно се опфатени сите возила од марката на Илон Маск што досега се регистрирани на кинескиот пазар.

Сервисниот повик на Тесла се однесува на 1.610.105 возила што се произведени меѓу 26-ти август 2014 година и 20-ти декември 2023 година. Опфатени се сите модели, односно Модел 3 и Модел Ипсилон од локално производство, како и постарите Модел С и Модел Икс од увоз.

Според соопштението што го објави државната управа за пазарен надзор, доколку се вклучи автоматската помош за управување, возачите можат да ја злоупотребат оваа функција – не реагираат сензорите кога ќе се отпушти воланот – што понатаму може да предизвика судир.

Тесла ќе изработи нов софтвер што ќе ги надмине овие пропусти. Слаба утеха е тоа што погодените возила од сервисниот повик воопшто не мора да посетат сервисна работилница, за да им се вчита новиот софтвер. Тоа ќе се случи по пат на ОТА (овер д ер), односно Теслите ќе добијат нов софтвер исто како што и мобилните телефони сами си вчитуваат нов софтвер, кога производителот ќе подготви таков пакет.

Вчитувањето на софтверот ќе се одвива во повеќе чекори, меѓутоа возачите пак остануваат поштедени од потребата да одат во сервис.

Доколку во одредени возила не може да се вчита новиот софтвер по пат на ОТА, Тесла ќе ги извести корисниците, да посетат сервисна работилница, каде што зафатот ќе се изврши бесплатно.

Тесла дополнително повикува и 7.538 увезени примероци од Модел С и Модел Икс, што се произведени меѓу 26-ти октомври 2022 и 16-ти ноември 2022.

Пропустот кај овие возила е во електронската контрола на јазичето што спречува вратите од спротивната страна при судир да се отклучат и отворат, и на тој начин дополнително да ги загрозат патниците.

За овие возила исто така ќе биде ефектно да се вчита нов и преработен софтвер – по пат на ОТА.

Тесла советува корисниците внимателно да ги возат своите автомобили во периодот додека не се надминат пропустите.

Американската марка произведува во Шангај, во фабрика чијашто изградба почна на 7-ми јануари 2019 година. Во рекордно време, фабриката почна да работи веќе кон завршетокот на годината. Незамисливо брзата изградба беше постигната главно со користење на модуларен пристап, односно исти компоненти како во фабриката во Фремонт. Тоа беше прва фабрика на странска компанија во Кина, без обврската за домашен производител на автомобили да има удел во истата.

Гига Шангај почна со испорака од Модел 3 од локално производство во јануари 2020 година. Една година подоцна стартуваше и Модел Ипсилон.

До завршетокот на ноември 2023 година, Тесла испорачала во Кина вкупно 1.426.303 локално произведени Модел 3 и Модел Ипсилон.

Посигурно е со големите производители · Од тестот на електрична Тојота низ улиците на Скопје

Претходна објаваСекој ден е Рели Дакар со ова Ауди, електрично
Следна објаваИталија ќе дава до 13.750 евра помош за купување електричен автомобил

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here