за

Студијата Audi PB18 e-tron го прикажува изгледот на идниот R8

audi pb18 e-tron

Студијата Audi PB18 e-tron ќе ја прикаже формата на идната генерација на суперспортскиот Audi R8. За погонот се задолжени само електромотори, прашање е дали тие ќе се задржат и за сериската верзија

Audi за првпат ќе одржи светска премиера на традиционалниот собир во Пебл Бич, во Калифорнија. Автомобилот што ќе биде претставен таму е студија на суперспортски автомобил со погон на струја. Автомобилската недела во Пебл Бич се одржува секоја година во август, во околината на крајбрежниот град Монтереј.

Во последните неколку години, водечките производители на автомобили ги откажуваат скапите и неефективни штандови на големите салони на автомобили. Новите „салони“ се токму собирите како овој во Пебл Бич, којшто од традиционален собир на сопственици на скапи и ретки олдтајмери и суперавтомобили, прерасна во важна сцена за претставување на новитетите на големите марки.

Audi PB18 e-tron со технички детали од тркачките прототипи од Леман

Студијата ја носи ознаката Audi PB18 e-tron: Буквите PB се за Пебл Бич, додека осумнаесетката потсеќа на Audi R18 e-tron, повеќекратниот сериски победник на 24-часа Леман, пред повлекувањето на Audi од трките во издржливост. Неколку технички детали од тркачкиот прототип се користат во студискиот автомобил. Дизајнот на Audi PB 18 e-tron е дело на одделот за дизајн на Audi во калифорнискиот Малибу.

Премиерата на Audi PB18 e-tron ќе се одржи на 23-ти август на тркачката патека Лагуна Сека, а веќе следниот ден студијата ќе биде изложена и на легендарниот „The Quail“, носечкиот настан во рамките на автомобилската недела во Пебл Бич.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

ford transit, возило за кампување

Врз оваа основа лежат добрите возила за кампување

seat tarraco

Seat Tarraco ги вози последните километри под маска