Ford Transit е достапен во нова изведба со ниска рамка. Љубителите на патувањето, дружењето и природата, или кусо камперите, веднаш помислуваат: Одлично, сам ќе ги направам камп возило!
Ford Transit доби нова изведба со таканаречена ниска рамка. Шасијата на транспортерот е за десет сантиметри пониска во споредба со обичните верзии и наменета е за работилниците што се специјализирани за надградби. Тоа што сликата од „гола“ платформа веднаш побудува асоцијации на кампување и на изработка на сопствено возило за таа цел, не е исклучок. Многумина љубители на патувањето и природата сонуваат да обезбедат платформа врз којашто ќе ги изградат своите соништа за кампување.
Заштеда од 200 килограми значи многу кај возилата за кампување
Новата варијанта ја има таа предност што е до 200 килограми полесна. Зависно од примената и видот на надградбата, таа предност ќе се покаже во возните својства или во носивоста.
Шасијата се испорачува во три различни меѓусокини растојанија, односно во верзиите што соодветно се означуваат L2, L3 и L4. Основата е Ford Transit 350 со преден погон. За погонот може да се избира меѓу две верзии на дволитарскиот дизел, со 130 и со 170 КС. Со доплата може да се комбинира и шестстепен автоматски менувач. Цените од фабрика почнуваат од 28.950 евра.
Сите верзии имаат вкупна дозволена тежина до 3,5 тони. Задната оска со проширена трага е стандарна кај L4, но истата може да се нарача и за верзиите L2 и L3.
















