Audi ги запре лентите на една минута во знак против војната во Украина

Фабриката на Audi во Некарсулм испрати знак за мир и одбележа една минута молк во сеќавање на илјадниците жртви во војната во Украина.

Производствените ленти во фабриката на Audi во Некарсулм денес беа запрени на една минута во знак на сеќавање на жртвите во војната во Украина. Од 10.44 до 10.45 часот, вработените во фабриката и тие што се на домашна работа, ги оставија своите редовни обврски и оставија работата да мирува.

Персоналот на Audi одговори на повикот на работничкиот синдикат IG Metall и на здружението на работодавци Gesamtmetall, за сите компании во германската метална и електро индустрија да одбележат заеднички една минута молк, денес во петок на 11-ти март.

Исто беше постапено и во останатите фабрики и подружници на концернот Volkswagen. „Војната во Украина сите нé потресе силно. Во овој момент е најважно да бидеме здружени и заедно да ставиме знак за мирот. Нашата безрезервна солидарност важи за сите жртви“, изјави Александер Рајнхарт, претставник на работничкиот совет и Ари Цартман, претседател на управата на IG Metall во фабриката на Audi во Некарсулм.

Неонскиот гас од Украина е важен за производството на чипови

Претходна објаваСончогледово масло место дизел?
Следна објаваPeugeot организира масовно тестирање на електричните модели во Франција

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here