за

Audi во Мексико: Милионитиот произведен автомобил за десетгодишнината

По десет години од поставувањето на темелите, фабриката на Audi во Мексико го одбележа милионитото произведено возило.

Од почетокот на изградбата на фабриката на Audi во Сан Хозе Чијапа, во мај 2013 година, до излегувањето на првото произведено возило Audi Q5, минаа вкупно 1.245 денови. Мексиканската фабрика ја одбележа десетгодишнината со милионитото произведено возило.

Audi започна историско поглавје во економијата на Мексико, кога на 4-ти мај 2013 година ги постави темелите на првата фабрика за автомобили во земјата, за производство на модели од премиум сегментот.

На одбележувањето на десетгодишнината од поставувањето на темелите се придружи уште еден голем јубилеј. Од стартот на производството во септември 2016 година, во Сан Хозе Чијапа се произведени вкупно еден милион примероци од Audi Q5.

Во фабриката во Мексико се придава посебна важност на зачувувањето на ресурсите, посебно на водата. Исто така се поставува силен нагласок на социјалната одговорност.

Од основањето до денес, на фабриката во Сан Хозе Чијапа има вработено повеќе од 5.000 лица. Тоа е далеку повисока бројка отколку што се планираше првично. Покрај тоа, добавувачите и придружните дејности создаваат повеќе од 20.000 индиректни вработувања што се поврзани со фабриката на Audi.

Концернот Volkswagen е присутен со производство во сојузната држава Пуебла повеќе од 55 години – таму се произведуваше и легендарната Буба.

 

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

VW Touareg: Само најубаво за знаменосецот

3000 километри со електрична Toyota bZ4X низ Македонија - Големата тура

3000 километри со електрична Toyota bZ4X низ Македонија: Големата тура