за

Aral гради мрежа од 500 брзи електрични полначи низ Германија

Најголемиот дистрибутер на гориво во Германија до крајот на годинава ќе располага со 500 електрични полначи на повеќе од 120 станици.

aral-pulse елеткрични полначи

Под името Aral pulse, на повеќе од 120 станици за гориво низ Германија ќе бидат поставени 500 брзи електрични полначи. Со моќност до 350 киловати, овие полначи овозможуваат да се наполни енергија за стотина километри пат за само неколку минути.

Aral, „германскиот макпетрол“, создава мрежа со супербрзи електрични полначи под името Aral Pulse. Мрежата се шири многу побрзо од планираното. До крајот на годинава на повеќе од 120 станици за гориво на Aral ќе бидат ставени на располагање 500 електрични полначи со моќност до 350 киловати. Тоа е петкратно зголемување на бројот на станици на компанијата и резултат е од растечката продажба на електрични возила.

Aral ги соединува сите активности во подрачјето на електромобилноста под новото име Aral pulse. Тоа што компанијата ги воведува електричните полначи како посебна „марка гориво“, Aral pulse, укажува на значењето што им се придава на електричните автомобили. Целта е да се понуди најбрза и најдобра мрежа со ултрабрзи електрични полначи во Германија.

Логото на Aral pulse претставува електрон во движење. Ова лого ќе биде воочливо на полначите и ќе ги издвојува истите од пумпите за точење гориво. Постоечките полначи исто ќе ги добијат новото лого и новата марка. За клиентите со поголем возен парк им се нуди картичка Aral Fuel & Charge, за пристап до јавната мрежа од полначи, заедно со напредна мобилна апликација.

Aral моментно располага со 100 електрични полначи на 25 станици. Струјата што се користи во 100% потекнува од обновливи извори. Брзите полначи располагаат со моќност до 300, односно 350 киловати. За споредба, постоечките полначи на ЕВН во Македонија имаат моќност од 22 киловати – и се покажаа сосем делотворни при нашата електрична тура низ Македонија есеноска. Во случај кога и електричниот автомобил подржува полначи со толкава моќност, батеријата може за само десет минути да се наполни со енергија за околу 350 километри пат.

>>> Секој маркет на германски Kaufland до 2028 година ќе добие полначи за електрични автомобили

Дарко Јаконов

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Avatar

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mercedes s-class w 223 салон мак аутостар

Европски пазар во јануари ’21: Две премиум марки во топ 5

mitsubishi colt користени возила достапни до 10 години

Овие модели се најмалку ризични од втора рака