Колку автомобили останаа непроизведени поради чип-кризата?

Во поглед на бројот на возила што не можеше да се произведат, поради тоа што производителите на автомобили не нарачаа со време доволни количини микрочипови, секако дека се најмногу погодени концерните што произведуваат најмногу возила.

Кусокот во бројот на произведени возила, предизвикан од долготрајниот недостиг од микрочипови, најголем е кај концерните Toyota и Stellantis. Но, во изминатите две години, General Motors, Renault-Nissan и групацијата Volkswagen, исто така беа оневозможени да произведат по повеќе од еден милион возила, поради кризата со микрочипови.

Американските специјалисти за обработка на податоци AutoForecast Solutions (AFS), во истражувањето што е објавено денес, под насловот „AFS Semiconductor Shortage Impact Analysis on the Global Automotive Industry“, даваат детален приказ на последиците од кризата врз производителите на автомобили.

Претседателот на AFS, Џозеф Мек Кејб, во својата анализа гледа „светло на крајот на тунелот“. Експертот објаснува дека волуменот што е изгубен поради недостигот од чипови е повратен, меѓутоа бројни купувачи и натаму добуваат недовршени возила. Предвидувањата на AFS се дека во текот на годинава, фабриките ќе произведат 220.000 возила помалку, поради недостиг од микрочипови. Тоа е значително помал обем во споредба со минатите години.

Во светски рамки се погодени 449 фабрики

Според податоците од производителите, од јануари 2021 година, од недостигот од чипови во светски рамки се погодени 15,76 милиони возила. Тие возила или воопшто не се произведени или се недовршени. AFS сепак применува друга основа за пресметката, во којашто се земаат предвид и долгорочните последици. Компанијата на тој начин доаѓа до заклучокот дека во изминатиот период не се произведени вкупно 17,77 милиони возила.

Појаснување:

  • Темно зелена боја – кусок во продукцијата што го предвидува AFS
  • Светло зелена боја – кусок во продукцијата што го најавуваат производителите
  • Црвено – кусок во продукцијата што е неповратен

Според податоците, од почетокот на 2021 година воопшто не се произведени 8,78 милиони возила.

Аналитичарите наведуваат дека недостиг од чипови се појавил во 449 фабрики ширум светот.

Загубата на Ford е неповратна, премногу возила се пропуштени

Анализата на кризата со микрочипови покажува дека производителите на автомобили се погодени во различна мера од недостигот од микрочипови. Според AFS, најсилно се погодени концернот Stellantis, алијансата Renault-Nissan-Mitsubishi и Toyota. Но, кризата оставила последици и врз продукцијата на Volkswagen, Ford и Honda.

Посебно е болна ситуацијата со Ford, затоа што според процената на AFS, таму е премногу голем уделот на „производствен волумен што не може да се врати“ поради недостигот од микрочипови. Тоа важи и за уште еден американски гигант, за General Motors.

Кризата остави помалку последици кај јужнокоренскиот производител Kia, како и кај поголемите кинески производители на светската сцена.

Претходна објаваТрадиција долга преку 90 години: Двобојна каросерија кај Citroen
Следна објаваКина чекор по чекор ги истиснува светските производители од својот пазар

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here