Како компании си прават реклама од тоа што ќе постават електричен полнач

Пратките на ДХЛ низ Скопје е мошне извесно дека ќе бидат доставени до одредиштето со електрични фургони, а за испораката на пиците на Џакомо, пак, тоа исто така одамна е стандард. За компанија што се пофалила дека поставила електричен полнач за своите клиенти, уште се нема слушнато тука, барем не во посериозен обем. Тоа е сосем различно во толку често спомнуваната Германија.

Толку е делотворен потегот на извесен синџир продавници во Германија, што и во Македонија известуваме за тоа, дека Alnatura поставила брз полнач во својата продавница во Штутгарт-Цуфенхаузен (кај Mercedes).

Поставувањето на првиот брз полнач кај Alnatura е заслуга на здружението за зелена енергија Ladegrün! , коешто со овој чин го почнува проектот што ќе се реализира на пошироко ниво ширум Сојузната Република.

Во соопштението што утрово пристигна во нашата редакција, стои дека синџирот био-супермаркети Alnatura, во својот маркет на Франкенштрасе 3 во Штутгарт-Цуфенхаузен, на своите клиенти им нуди можност за комотно да ја наполнат батеријата на своите елеткрични автомобили додека купуваат.

Брзиот полнач со 150 kW (Порше Македонија, патем, има 320 kW) овозможува полнење за најкусо време. Струјата е 100% од обновливи извори, со сите сертификати за тоа. Мотото им е нешто слично на „Здраво купување за здраво полнење струја“.

[the_ad id=”73735″]

Заедничкиот проект на Alnatura и Ladegrün! Предвидува постравување 100 станици за полнење на паркиралиштата на супермаркетот ширум Германија. Веќе се работи на следните полначи, во Дармштат и во франкфуртски Екенхајм.

Новата слобода што ја донесува електричниот погон · Со Toyota bZ4X за 150 денари по домашни македонски плодови на пазарот во Росоман

Претходна објаваRenault Scenic се враќа на сцената како електричен СУВ-модел
Следна објаваПик-ап подобрен во секој поглед: Пристигна новиот Volkswagen Amarok

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here