Тонале ѝ донесе рекорден раст во продажбата на Алфа Ромео

Алфа Ромео можеби не постигнува бројки во вкупната продажба како Мерцедес или Ауди, но во поглед на растот што го постигна во минатата година, италијанската марка е неприкосновена во премиум сегментот.

Миланската марка ја заврши 2023 со продажба зголемена за близу една третина, односно за точно 30 проценти. Тоа е најголем раст меѓу најпродаваните 15 премиум марки во светски рамки.

Само во Европа, продажбата напредуваше за 46 проценти. Заслугата паѓа главно на компактниот СУВ-модел Тонале, со 32.777 продадени возила во ЕУ лани и речиси трикратно зголемување во продажбата во споредба со ’22. На Алфа Ромео Тонале отпаѓаат близу 65 проценти од продажбата на италијанската марка. Од три продадени возила со знакот на Алфа Ромео, две биле од моделот Тонале.

Најголемиот раст сепак го донесоа Средниот Исток и Африка, со 74 проценти во плус. Не изостанаа ниту Индија и Азискиот Пацифик, каде што исто така порасна пазарот за Алфа Ромео, за седум проценти.

Милано очекува дека пазарите во САД и во Кина ќе донесат поголем раст во следниот период, откако Алфа Ромео се најде на првото место во истражувањето на квалитетот на возилата од премиум сегментот. Според ценетите Џеј Ди Пауер, сопственици на возило од Алфа Ромео биле најзадоволни од квалитетот на возилата во првите три месеци по испораката, со најмалку дефекти, недостатоци и забелешки. Во општа конкуренција, миланската марка пак е високо, на третото место.

Шефот Жан-Филип Импарато во 2021 година најави дека неговата марка секоја година ќе лансира по еден нов модел. Тој цени дека успехот е „резултат на јасна и стабилна стратегија.“ Токму квалитетот е подрачје на коешто Импарато става најголем нагласок и додава дека „дисциплината и брзината во примената на нашата стратегија се клучни за да можеме да одговараме реактивно на пазарот што се менува брзо.“

Главни двигатели на продажбата во Европа беа Италија, со раст од 73 проценти, Германија (+71%), Белгија (+62,0%), Франција (+20%), Холандија (+78%) и Швајцарија (+20%).

Турција, пак, најзаслужна е за растот од 74 проценти во регионот на Средниот Исток, каде што пазарот за италијанскјата марка напредуваше за 155 проценти. Растот во Азискиот Пацифик, главно доаѓа од Сингапур и Хонг Конг.

Алфа Ромео Тонале во нашиот онлајн-каталог АВТОСАЛОН.МК · Технички податоци, опременост, цени, можност за споредба на сите нови модели на автомобили што се во понуда на македонскиот пазар

https://avtosalon.mk/listings/alfa-romeo-tonale-1-5-t-48v-hybrid-dct7-130-super/

Тонале почна да се продава во Северна Америка во септември. Милано очекува токму тамошниот пазар да покаже најмногу потенцијал за раст, повикувајќи се на одличните резултати во истражувањето на квалитетот од Џеј Ди Пауер, што честопати служи како ориентир при купувањето.

Компактниот СУВ почна да се продава и во Кина, каде што постои голема свест за италијанската марка и соодветно се очекуваат големи поместувања и таму.

Тонале е именувана според планински превој во Италија, но и ние имаме наш „Тонале“

Претходна објаваТесла Модел Ипсилон најпродаван модел во Европа во 2023, Дачиа Сандеро втора
Следна објаваМерцедес еСпринтер минува во град 530 километри на струја

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here