Уште еден автомобил на Seres i Huawei

Убави вести од кинескиот производител Seres, што со својот компактен СУВ со погон на струја Seres 3 е присутен и на македонскиот пазар. Во соработка со Huawei е основана посебната марка Aito, а веќе е претставен и првиот модел на истата.

Соработката меѓу Huawei и Seres започна годинава. Престижниот електричен СУВ-модел Seres SF5 се продава преку премиум мрежата на Huawei. Партнерството преоѓа едно скалило погоре, со основањето нова автомобилска марка. Aito е скратено од „Adding Intelligence to Auto“ и марката веќе го има својот прв модел, M5.

Aito M5 во основата и не е толку нов модел, туку е преработена изведба на спомнатиот Seres SF5. Разликата е во носот, со сменет дизајн на маската и на браникот, но има разлика и отстрана. Вратите се разликуваат од тие кај SF5, вклучувајќи ги секако и прозорците. Задниот дел, пак, има целосно различен дизајн. Во тој случај не изненадува и комплетно сменетиот ентериер.

Кинескиот СУВ со име на култната германска лимузина со спортски перформанси е долг 4,77 метри и има меѓуоскино растојание од 2,88 метри. Последнава вредност е идентична со SF5, но каросеријата на М5 е 7 сантиметри подолга.

https://photos.app.goo.gl/R5gtKp6fakccSYybA

Во погонот има поинаков пристап. За разлика од SF5, што користи чисто електричен погон, во M5 е вграден и мотор со внатрешно согорување. Моторот 1,5 со турбонатполнење располага со 125 КС и служи како генератор за полнење на батеријата од 40 kWh. Може да се избира меѓу изведба со погон назад или со погон на сите тркала. Втората верзија постигнува 428 КС.

Електромоторот на предната оска испорачува 224 КС, додека на задната оска работи електромотор со 204 КС. Третата верзија постигнува врвни перформанси и располага со 496 КС.

https://photos.app.goo.gl/2qogdnwz4iqPsWgG7

Секако дека во кокпуитот се чувствува присуството на Huawei. Инфо-забавниот систем користи дисплеј од 15,6 инчи и софтвер Harmony OS. Дигиталните инструменти имаат пречник од 10,4 инчи. Посебен детал е камерата во предниот столб, што препознава кој седи зад воланот и соодветно ги мести седиштето, климатизацијата, радиото и слично.

Продажбата во Кина стартува напролет. Една година подоцна ќе следи и вториот модел на Aito.

>>> Со електричен Seres 3 од изворот на Треска до Скопје

Сите електрични автомобили што се во понуда на македонскиот пазар можете да ги погледнете во нашиот онлајн-каталог https://avtosalon.mk/.

Претходна објаваУште ги гледаме по улиците: Овие модели станаа 30-годишници
Следна објаваТест · Kia Ceed 1.5 GT Line · Ги враќа симпатиите во компакт-класата

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here