Автомобилите почнаа да летаат во Словачка

Штефан Клајн направи класичната сцена од филмовите од научната фантастика и од авантурите на Џејмс Бонд да стане реалност. Словачкиот инженер леташе 35 минути со својот AirCar, којшто е спој на спортски автомобили и авион. Летот се одвиваше од аеродромот во Нитра до меѓународниот аеродром во Братислава, на растојание од 90 километри.

AirCar додека е на земја личи како мал тркачки прототип за GT-шампионатите, меѓу другото и поради огромните спојлери и пропелерот назад. Возилото со притискање копче се претвора во мал авион, додека каросеријата се шири наназад и од страниците излегуваат крилата. За погонот се грижи мотор BMW со 160 КС, со тоа што моќноста во лет секако дека не се пренесува на тркалата, туку се користи за погон на пропелерот. Брзината на летање достигнува 190 km/h, а се лета на висина од 2.500 метри.

Словачкиот инженер го леташе својот автомобил по 142 пат. За сегашниот потфат, AirCar мораше да мине над 40 часови во тестирање, под надзор на властите за цивилна воздушна пловидба. Тестирањето меѓу другото опфаќаше менување на правецот за 45 степени. Во случај на дефект, во аеро-мобилот се наоѓа балистички падобран.

По слетувањето, пронаоѓачот Штефан Клајн со притискање копче го претвори авионот во автомобил за само три минути. Несекојдневното патешествие продолжи до центарот на Братислава. Времето во воздух го скуси патувањето за половина.

Словачкиот инженер верува дека „со овој лет почнува нова ера на дуалните транспортни возила“ и веќе го најавува вториот прототип. Идното возило на Клајн ќе располага со приспособлив пропелер и ќе постигнува 300 km/h. Досегот ќе изнесува до 1.000 километри.

https://photos.app.goo.gl/Eauh2j1BR8Dkx6AF7

https://photos.app.goo.gl/LfoUvCYXpQzy2biE7

Претходна објаваНорвешка уште малку до девет електрични од десет нови автомобили
Следна објаваDaimler, Volvo и VW ќе градат мрежа од полначи за електрични камиони

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here