за

АДАК буквално го столчи евтиниот кинески автомобил на струја

Suda SA01 нема воздушни перници, нема контрола на стабилност и нема предзатегнувачи во ремените. Клубот е зачуден како се дозволило автомобилот да се пушти во Европа.

Нов електричен автомобил за одвај повеќе од 10.000 евра. Тоа што на прв поглед изгледа привлечно, при подобра проверка се покажа како голема опасност за возење. Тоа е резултатот од блиц-проверката на Suda SA01 и секако од краш тестот што клубот АДАК не пропушти да го изведе со овој киенски автомобил.

Првиот електричен автомобил од непознатиот кинески производител почнал да се продава на германскиот пазар кон крајот на минатата година. По одбитоците со коишто германсите власт и дилерите ја поттикнуваат продажбата на електрични возила во земјата, Suda чини само 10.390 евра. Тестот на клубот покажа дека изработката на возилото во целост, возните својства, а особено безбедносната опрема, се на исклучително ниско ниво.

Suda SA01 не поседува ниту воздушни перници, ниту ЕЅР или безбедносни системи, како што е самостојно запирање при опасност од удар во пешак или велосипедист, како и предупредување при невнимателно преоѓање во соседна лента. Возилото добило хомологација за ЕУ само поради тоа што се води како дел од мала серија возила, на коишто ќе им се дозволи да се продаваат во Унијата.

Последиците од целосното отсуство на безбедносна опрема што ја пропишуваат законите се чувствуваат најмногу при краш-тест. При делумен челен судир со 64 km/h, главата и градите на возачот удираат силно во воланот. Во реален судир, тоа би предизвикало најтешки повреди на возачот. Не е подобро на совозачкото седиште. Издадените делови под арматурната табла ќе предизвикаат повреди на коленото и на натколеничната коска. Покрај отсуството на воздушни перници, при судир е опасно и непостоењето на предзатегнувачи на ремените.

Оштетувањата на каросеријата по краш-тестот се толку големи, што возачката врата не се отвора. Suda не располага ниту со заштитни уреди, за високонапонскиот систем од погонот на возилото да се онеспособи при укажување помош во возилото, за спасување на патниците. Тоа значи дека во случај на судир, патниците не само што ќе останат заробени во возилото, туку и првата помош е изложена на опасност од електричен удар од струја со исклучително висок напон.

New photo by Automedia MK / Google Photos

Дополнителна опасност да се случи судир доаѓа и од катастрофалните возни својства на Suda. Според тестовите на АДАК, уште при брзини над 70 km/h се појавува лизгање поради отсуство на контрола на стабилност, а возачот не може повторно да го исправи возилото. Современите автомобили со ЕЅР ги минуваат тестовите без проблем со брзини поголеми од 90 km/h.

Безчувствително управување и пат на сопирање од 100 km/h долг 42 метри исто така не служат за безбедноста. Проблем претставуваат и слабата изработка, како и евтините материјали. Тестираниот модел имал бројни пропусти во лакирањето. Задниот поклопец и касетата пред совозачот тешко се затворале.

New photo by Automedia MK / Google Photos

Во поглед на техниката за полнење на батеријата, Suda SA01 е далеку од актуелните трендови дури и во својата ценовна класа. Батеријата од 40 kWh ветува реално доволни 200 километри, но може да се полни само со 3 kW AC или 22 kW DC, што значи дека ќе мора да се чека многу долго додека батеријата се наполни. Бидејќи приклучувањето на евтиниот кинески електромобил на нормалните јавни полначи за струја во Германија било невозможно, затоа што техниката на возилото едноставно одбивала да комуницира со полначот, тоа значи дека практично е невозможно со возилото да се појде на пат.

Клубот АДАК критикува за тоа што производителите ја користат поедноставената хомологација за возила од мала серија и се дозволува на пазарот да се продаваат возила што не ги исполнуваат ниту најосновните барања за безбедност.

Во Македонија во последните година две исто така има голем наплив од возила од непознати кинески производители, далеку од рангот на еден Great Wall или неговите СУВ-модели Haval, на кои уште полесно им се прогледува пред да се понудат во продажба на македонскиот пазар. Од тој аспект, тестот на АДАК е токму добредојден за нашиот пазар, за возачите да бидат реално свесни на каква опасност се изложуваат себе, своите најблиски, но и сите учесници во сообраќајот, со возилата од непознати кинески производители.

Дарко Јаконов

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Avatar

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Suzuki Swift Ignis салон Миркат Македонија - Suzuki постигна рекорден удел на италијанскиот пазар

Suzuki постигна рекорден удел на италијанскиот пазар

lexus rx nx ux

Lexus со рекордно тромесечје на германскиот пазар