за

Lexus со рекордно тромесечје на германскиот пазар

Единствената луксузна марка од Јапонија имаше силна завршница на годината на германскиот пазар.

lexus rx nx ux

Lexus во минатата година продаде околу 3.500 возила на германскиот пазар, што е приближно исто колку и преклани. Причината што престижната марка на Toyota ја задржа продажбата се кросоверите кои им се атрактивни на германските возачки и возачи, и секако, хибридниот погон.

Lexus ја заврши минатата година со историски најдобриот квартал откако продава на германскиот пазар. Од октомври до декември се регистрираа повеќе од 1.100 нови автомобили од јапонската премиум марка, на домашниот пазар на Audi, BMW и Mercedes. Само во декември, продажбата беше за 30% повисока отколку во истиот месец во 2019 година.

И покрај влијанието на корона-пандемијата, Lexus ја заврши годината со 3.530 возила, што е приближно со резултатот од преклани. Овој успех добива дополнително на тежина, покрај фактот што целиот автомобилски пазар во Германија се скуси за 19,1 проценти. За успехот на марката најмногу придонесоа двата кросовери UX и NX.

Повеќе од 90 проценти од германските клиенти на Lexus се решиле за модел со хибриден погон. Во новата година, електромобилноста во концернот се проширува и со чисто електрични возила. Lexus UX 300e достапен уште сега и со батерија од 54 kWh дозволува досег до 400 километри. Нормално, на германскиот и на другите големи пазари (и економии) следат посебни поволности, на пример, лизинг со месечна рата од 399 евра.

Дарко Јаконов

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Avatar

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *


Notice: Trying to get property 'ID' of non-object in /home/automedi/public_html/wp-content/themes/bimber/includes/post.php on line 1022

Notice: Trying to get property 'ID' of non-object in /home/automedi/public_html/wp-content/themes/bimber/includes/plugins/media-ace.php on line 128

АДАК буквално го столчи евтиниот кинески автомобил на струја

филип ремерс дизајнер audi

Audi доби нов дизајнер