за

Тјунерот AC Schnitzer му скрои пакет на електричниот Mini SE

Специјалноста на тјунерската работилница AC Schintzer се моделите на BMW. Бидејќи Mini е дел од баварската групација, секако дека и тој подлежи на тјунинг-третман. Не пречи и ако Mini е на струја.

ac schnitzer mini cooper se tuning

Големите имиња на сцената на тјунингот подготвени ја пречекаа и електричната ера. Долгогодишниот тјунер за BMW, AC Schnitzer, веќе понуди пакет за тјунирање на малото, но многу брзо електрично Mini SE.

Спортска нота со потпис на големиот тјунер за BMW доби и електричното Mini SE. Вообичаено за специјалистот од германскиот град Ахен, третманот за Mini Cooper SE почнува со аеродинамичен пакет. Истиот се состои од црн преден сплитер што се поставува лесно. Сплитерот значително помага да се зголеми притисокот врз предната оска. Нема потреба од лакирање, затоа што сплитерот е изработен од полимер ASA, што му дава посебен изглед. Материјалот обезбедува и исклучителна цврстина, крутост и отпорност на временски влијанија.

AC Schitzer при изработката користи плочи од полимерот ASA, што значи дека формата на сплитерот се добива преку машинска обработка на плочата со глодање, од еден дел. Површината е мат, црна и отпорна на гребење. По желба, тјунерот ќе го лакира сплитерот за Mini SE во која било боја. Аеро-пакетот го дополнуваат заштитна фолија за задниот браник, со цел да се заштити товарниот раб на багажникот, како и најразлични амблеми и украсен комплет.

Поради повисоката тежина на електричниот MINI Cooper SE, констуриран е целосно нов комплет пружини. Со нив, каросеријата се спушта за ca. 25 – 35 mm напред и за ca. 20 – 30 mm назад. Секако дека со тоа се постигнува уште повисока динамика и поголема управливост. Уште една корист од пружините од AC Schnitzer е тоа што се смалува и без тоа ниската чувствителност на Mini при нагло сопирање или одземање гас во свијок, како и при нагла промена на правец.

На динамиката ѝ годат и тркалата AC Schnitzer AC1 со димензија 7,5 x 19“ и гуми 215/35 R 19. За комфорот да се задржи по вградувањето на поголемите тркала, тјунерот не користи ранфлет гуми, туку спортски гуми со класична конструкција.

За ентериерот на MINI Cooper SE стојат на располагање алу-педали од AC Schnitzer и алиминиумска маска „Black Line“ за контролерот на системот iDrive.

>>> Mini ја вози првата електрична тура низ Македонија (Дел 1)

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

брзи возови франција

Франција: Ако авионскиот лет не е подолг од 2,5 часа, тогаш воз

Mercedes Benz EQA

Mercedes EQA на струја во Германија чини помалку од дизел