за

Нападнат тимскиот автобус на Луис Хамилтон во Сао Пауло

луис хамилтон шлем

Членовите на Ф1-тимот на Mercedes доживеале оружен грабеж во Сао Пауло. Нападот се случил во петочната вечер, кога тимот се враќал од патеката Интерлагос до хотелот. Украдени се вредни предмети и патни исправи. 

Меѓу осумте лица кои се наоѓале во минибусот нема повредени. Луис Хамилтон не бил во возилото. При нападот имало и пукотници, а на еден член на тимот му бил вперен пиштол в глава.

Меѓународната автомобилска федерација потврди дека обид за оружен грабеж бил извршен и врз едно од нивните возила. Постојат гласини дека биле нападнати и тимовите на Ferrari и Williams.

Во 2010 година имаше обид за оружен напад врз Џенсон Батон

Ова не е прв случај на оружен напад за време на тркачкиот викенд во Бразил. Пред седум години, Џенсон Батон, тогаш возач на McLaren, исто така беше нападнат во густиот сообраќај во Сао Пауло, но неговиот возач успеа да им побегне на напаѓачите.

Луис Хамилтон објави за случајот на твитер и меѓу другото бара организаторите на шампионатот и тимовите да преземат мерки за заштита од овие напади коишто се случуваат секоја година.

https://twitter.com/LewisHamilton/status/929325142018347008

https://twitter.com/LewisHamilton/status/929324708453060608

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

bmw хибридни автомобили

Хибридите на BMW им трошеле премногу на германските министри

аерозагаденоста скопје македонија

Топ 10 Најголеми заблуди околу аерозагаденоста во Македонија