за

Роботски автомобили за посетителите на ЦЕС во Лас Вегас

роботски автомобили цес лас вегас 2018

Компанијата Aptiv, специјализирана за технологија за автономно возење, на посетителите на саемот на потрошувачка електроника во Лас Вегас ќе им овозможи возење во роботски автомобили. Партнер во реализацијата на овој единствен проект е познатиот понудувач на услуги за заедничко возење Lyft.

Лани, Lyft објави дека планира да вклучи инженери кои работат на технологијата за автономно возење и производители на автомобили во својот систем на услуги којшто дневно остварува еден милион возења.

Роботските автомобили ќе сообраќаат по рута во должина од десетина километри во подрачјето околу прочуениот Лас Вегас Стрип. На ланското издание на ЦЕС, возилата што беа опремени со технологијата на Aptiv докажаа дека беспрекорно владејат со вообичаените ситуации во сообраќајот, како вклучување на автопат, запирање пред пешаци и обиколување велосипедисти или следење на лентата при возење во тунел.

Роботски автомобили без антени и нагрдувачки кутии на покривот

Предноста на техниката на Aptiv е во тоа што нема потреба од поставување сензорски системи на покривот на возилото или странично. Компанијата очекува старт на сериското производство на своите уреди кои овозможуваат автономно возење во 2019 година.

https://www.facebook.com/aptiv/videos/10156207759224824/

Корисниците на Lyft ќе можат да повикаат возило на специјалниот пулт што ќе биде поставен на саемот за електроника. Пред да се упатат до една од 20-те можни локации низ градот, патниците ќе имаат куса демонстрација на предностите на технологијата во поглед на безбедноста во возењето и намалувањето на емисијата на штетни материи.

Зад воланот ќе седи „сигурносен“ возач, заради интервенција во случај техниката да затаи, а на совозачкото место ќе биде домаќинот, кој ќе одговара на прашањата околу технологијата за автономно возење.

Aptiv е британска технолошка компанија со 147.000 вработени во 14 технички центри, фабрики и сервисни служби во 45 држави. Саемот за потрошувачка електроника во Лас Вегас се одржува од 9-ти до 12-ти јануари.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

tesla model 3

Tesla Model 3 станува хроничен проблем на електро-специјалистот

nissan infiniti qx50 vc-turbo n

Како работи моторот со променлива компресија на Nissan