за

Роботски автобуси на редовна линија во Хелсинки

Роботски автобуси Финска

Наесен во финската престолнина ќе биде пуштена автобуска линија со автономно управување и електричен погон. Овие роботски автобуси во Хелсинки ќе одиграат пионерска улога во примената на автономната технологија во јавниот превоз на светско ниво.

Хелсинки ќе добие јавен превоз со минибуси со електричен погон и автономно управување веќе годинава. Тоа е потврдено официјално по завршувањето на серијата тестирања во ограничени подрачја во Хелсинки и во повеќе градови низ скандинавската земја.

Тестирањето во Хелсинки се одвиваше лани во периодот од август до септември, со минибуси во населбата Харнесари. Следи уште едно тестирање, коешто ќе се одвива од јули до август годинава. По неговото завршување е планирано роботските автобуси да се користат на редовна линија до Зоолошката градина во населбата Мустикама, лоцирана на остров.

Роботски автобуси за подобрување на квалитетот на воздухот во градовите

Проектот финансиран од ЕУ го спроведуваат повеќе фински градови, универзитети и компании за јавен превоз. Автобуската линија „RobobusLine“ е дел од програмата којашто се води под името „MySmartLife“ и исто така е финансирана од Унијата. Програмата има за цел да изнајде нови начини за подобрување на квалитетот на воздухот во градовите во ЕУ до 2020 година.

Роботските автобуси меѓу другото ја подобруваат пристапноста до јавниот превоз. Во иднина, корисниците ќе можат да ги повикаат компјутерски управуваните возила за буквално да ги пречекаат пред домот или да ги довезат до куќниот праг. Идејата е на тој начин да се намали користењето на сопствените автомобили на жителите. Моментно се решава кој производител ќе ги изработува автономните минубуси.

Финска има суштинска предност наспроти останатите држави во поглед на прифаќањето на технологијата за автономно возење. Законите во скандинавската држава не пропишуваат дека возилата мора да бидат управувани од возач.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Трансформери Берлин

Берлинската полиција отстрани „Трансформери“ од улиците

трка околу податоците од автомобилите

Зошто сите се најдоа во трка околу податоците од автомобилите