за

До 2030 година само 10% пораст во потрошувачката на нафта

потрошувачката на нафта

Силниот пробив на електричните автомобили и зголеменото производство на енергија од обновливи извори го ограничуваат зголемувањето на потрошувачката на нафта на глобално ниво на само десет проценти до крајот на следната декада.

Студијата „Енергетска прогноза 2030“ објавена денес во Абу Даби, открива како ќе изгледа уделот на различните видови енергија во 2030 година. Во студијата, меѓу другото, детално се опишува кои земји и технологии ќе ја покриваат побарувачката од погонски горива и какво ќе биде влијанието на мерките за подобрување на ефикасноста

Авторите на студијата разликуваат три различни чинители во енергетскиот синџир: Регулатори, производители и потрошувачи. Регулатори се сите земји од ОЕЦД – без Мексико, коишто се дел од регулиран пазар на енергија и во коишто се очекува потребата од енергија да биде пониска отколку во останатите светски региони. Производители се водечките земји извознички на енергија, односно Латинска Америка, Африка, Средниот Исток и поранешните Советски Републики. Потрошувачи се азиските земји, поради високата енергетска побарувачка со којашто ќе се соочуваат во иднина.

Вака изгледа енергетската карта за 2030 година

Според „енергетската прогноза“, електричните автомобили ќе стануваат сé поконкурентни и ќе освојуваат се поголем дел од пазарот. Но, моторите со внатрешно согорување и натаму ќе доминираат со удел од 85% на светскиот пазар.

Битумен од микроалги: Нафта повеќе не е потребна за изработка на асфалт

Мошне се интересни предвидувањата за светската побарувачка на нафта. Таа ќе се зголеми за само 10%, поради подобрената ефикасност и вклучувањето на останатите извори на енергија. Растот во побарувачката ќе произлезе првенствено од предвиденото зголемување на средната класа во азиските држави.

Обновливата енергија го ограничува растот во потрошувачката на нафта

Енергијата од обновливи извори ќе учествува со повеќе од половина во зголемувањето на производството на електрична енергија во следните 15 години. Се предвидува масивен раст, којшто произлегува од зголемувањето на уделот на сончева енергија и енергијата од ветрот. Природниот гас е на второто место, но неговиот удел во светското производство на електрична енергија ќе се зголеми за само 1%. Големиот раст кај обновливата енергија го „притиска“ природниот гас.

Нафтата, гасот и јагленот и натаму ќе доминираат во светската енергетска карта во 2030 година. Обновливата енергија сепак ќе има значителен удел.

Студијата предвидува и дека земјите како Кина и Индија, заедно со останатите азиски држави, ќе бидат најголеми потрошувачи на енергија.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

соја седишта ford

Сојата е добра и за нашите автомобили

водородниот погон, Toyota Mirai

Водородниот погон ќе отвори 30 милиони работни места