Покрај низа нови технологии што електро-специјалистот ги подготвува за новата генерација, Nissan Leaf ќе располага и со врвна аеродинамика. Тоа дополнително ќе придонесе за продолжување на досегот на електричниот автомобил.
Веќе се наѕира силуетата на третата генерација на Nissan Leaf. Светскиот шампион во електромобилноста објави цртеж со когошто најавува дека новакот ќе користи низа аеродинамички трикови за намалување на отпорот на воздух. Тоа секако дека ќе влијае и врз продолжувањето на досегот, покрај останатите мери што Nissan ги користи за преоѓањето во новата генерација на моделот.
Исто како кај автомобилите со класичен мотор, аеродинамиката е клучен фактор и за ефикасноста на електромобилите. Растојанието од подлогата е намалено кај новиот Nissan Leaf. Тоа го намалува „подигнувањето“ под дејство на воздушното струење под каросеријата и ја подобрува стабилноста при високи брзини. Јапонците извршија и неколку зафати со коишто ја смалија чувствителноста на каросеријата на страничен ветер, наспроти посточекиот модел.
Nissan Leaf досега се има произведено во близу 280.000 примероци
Инженерите на Nissan при оформувањето на каросеријата на Leaf се раководеле според принципите на авионските крила. Преку симетрично водење на воздушните струи, каросеријата се пробива полесно. Како резултат од тоа, погонот се напрега помалку, батериите траат подолго.
Фактот дека станува збор за модел од третата генерација укажува во колкава предност е Nissan пред браншата во поглед на електромобилноста. Nissan Leaf е најпродаван електричен автомобил, со близу 280.000 продадени примероци досега.
Третата генерација на Nissan Leaf ќе биде претставена на 6-ти септември.
















