Новата Mazda MX-5 претставена утрово во Барцелона

Mazda MX-5

Mazda штотуку го претстави новиот родстер MX-5 пред медиумите во Барцелона и паралелно на уште две локации во Јапонија и САД. Станува збор за наследник во серијата на најпродаваниот родстер во светот.

Четвртата генерација на моделот го толкува дизајнерскиот говор Kodo на поразличен начин и предизвика големо одушевување меѓу 250-те медиумски претставници од Европа. Продажбата на моделот ќе започне в година. Исто како и останатите модели на Mazda, новиот MX-5 се потпира на технологијата Skyactiv, којашто особено се однесува на бензинските мотори Skyactiv-G, како и на првата верзија со заден погон на подвозјето Skyactiv. Со тежина пониска за 100 килограми во споредба со моделот во заминување и со најниско тежиште од сите досегашни модели, новиот родстер го отелотворува развојното мото Јинба Итаи, односно „јавачот и коњот како целина“, како симболика за агилните и динамични возни својства коишто беа нераздвоен дел од возилото и во сите три претходни генерации на MX-5.

Смалувањето на тежината го доведува новиот MX-5 на ниво споредливо со моделот од првата генерација, којшто предизвика вистинска револуција во сегментот на лесните спортски автомобили при неговото лансирање во 1989 година. Оттогаш се произведени преку 947.000 примероци од MX-5, со што моделот го држи гинисовиот рекорд за најпродаван спортски двосед на сите времиња.

Претходна објаваОвие модели на Skoda се возеа пред 80 години
Следна објаваНа самитот на Нато ќе се вози Jaguar и Land Rover

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here