Единственото што ѝ недостигаше на оваа марка беше амбасадор

SsangYong Musso Fuzz

Ѕвездата на „Автомобилскиот СОС“ стана бренд амбасадор на SsangYong во Британија. Фаз Таунзенд е меѓу првите што ќе го вози новиот пикап SsangYong Musso на островот

Тоа што за корејскиот специјалист за теренски автомобили слушаме малку во последно време, не значи дека марката не е активна на поширокиот пазар. Напротив, со новата генерација на пикапот Musso и техничкиот близнак Rexton, SsangYong го напаѓа пазарот уште посериозно отколку досега.

Водителот и главен мајстор од познатото телевизиско шоу „Автомобилско СОС“, Фаз Таунзенд, стана амбасадор на SsangYong на британскиот пазар и ќе биде меѓу првите коишто ќе го возат новиот Musso. Продажбата на пикапот стартуваше минатиот месец, точно во времето кога на пазарот се јавува ново жариште.

Пикапите се новите теренци, поевтини и повеќе мажествени од светнатите СУВ-ови

Препознатливиот лик од ТВ-шоуто, што ги спасува старите автомобили во безнадежна ситуација, цени дека SsangYong Musso е најпогоден избор за неговиот животен стил. Фаз живее далеку од градските средини, кадешто основен предуслов е да се поседува пикап со погон на сите тркала. Секако дека во голем дел од изјавата на „амбасадорот“ Фаз се крие маркетинша порака: „Секогаш робусен и добро конструиран, SsangYong е растечка марка во Велика Британија, а нејзините модели денес се мошне добри во поглед на стилот, комфорот и опремата. Овој нов автомобил е навистина импресивен.“

SsangYong Musso Fuzz 2

Покрај ТВ-водителството во „Автомобилски СОС (Car SOS)“, Фаз е механичар и поранешен технички уредник на „Practical Classics“. Своевремено тапанар во група, тој учи да свири од локалниот џез музичар Ал Рид и дебитира на музичката сцена во 1977 година, на своја 12 годишна возраст. Во 1997 година, Фаз Таунзенд потпишува за Ехо Рекордс и го снима првиот албум „Far In“. Автомобилскиот СОС се емитува на каналот Национал Географик уште од 2012 година.

Претходна објаваOpel Adam е солиден избор за користено возило кај малечките
Следна објаваBMW X7 успешно ги заврши тестовите за преживување

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here